Зошто постојано грешиме?

Објавено на од

 

Сте почувствувале ли некогаш болка и срам заради она што сте? Или, поточно, сте си замериле ли себеси за некоја постапка, заради тоа што некој имал други очекувања од вас, кои не сте ги исполниле? Драги мои, тоа е секојдневие!

Зошто постојано грешиме

Кој е виновен?

Луѓето, имаат чувства кои се премногу чисти за да бидат труени со разумот, ваш или на некој друг. Зошто толку му веруваме на разумот? Повторно, бидејќи сме луѓе и имаме дарба да размислуваме, да зборуваме, да се изразуваме. Секоја мисла во нашата глава е огледало на немирот во нашето срце, а една мисла води кон многу нови! Зборовите што другите луѓе ни ги кажуваат се огледала на нивниот внатрешен немир, кој наместо да го се обидат да го скротат, го префрлаат на нас. Пред да ја побараат причината за својот немир, длабоко во себе, тие веќе ја нашле во некој друг!

 

Што ни предизвикува немир?

Знате ли дека ова, свесно или несвесно, го правиме сите? А знаете ли дека ова е првото нешто што ни ја убива желбата за живот? Очекуваме наутро, кога ќе се разбудиме да го започнеме денот со позитивна енергија, со радост. Но, како го прифаќаме фактот што токму денес, во овој час, нашиот совршено испланиран ден доживува промена? И повторно, некој е виновен. Како да живееме со бес и лутина во срцето, кога тоа не е својствено за нашата душа? Секако дека има исклучоци но, нашата душа е наивна, сака да верува, сака најде причина за да верува во нешто. Причината ја наоѓа со разумот, а разумот може да не збуни. И тоа многу. Кога ќе се запознаеме себеси, нашите стравови и желби, искуства и стремежи, без оглед на ограничувањата ќе ја најдеме нашата цел, за која всушност и постоиме. Цел во смисла на исполнување и душевен мир. Цел во смисла на вашата животна мисија. Таа цел е нашиот вистински пат, кој некои луѓе го пронашле, некои не.

 

Вистинскиот пат е тежок!

Сите доаѓаат до степен кога едноставно се уморни од сите луѓе, во буквална смисла. Некои од  нив се искрени и сакаат да помогнат. Некои се лицемери кои на секој начин пробуваат да не' уништат. Знаете кој е важниот збор во претходната реченица? ПРОБУВААТ, а вие одлучувате дали ќе дозволите! Тие луѓе многу поинтензивно се трудат да ја префрлат вината на некој друг, па вие станувате виновни бидејќи сте успешни. И веднаш се појавуваат типичните предрасуди. Тоа се оние кои фрлаат камења, кои се обидуваат да не тргнат од нашиот вистински пат кон целта. Треба да бидеме свесни за тоа кои луѓе се трудат, и тоа очајно, да не повлечат назад. Тоа е начинот на кој ќе ја најдеме причината да веруваме дека сме на вистинскиот пат, а тој е најтежок и има најмногу пречки и сомневања. Наше е да не се предаваме, да веруваме во нашата цел и да продолжиме по патот кој не' прави среќни! Доколку се водиме од туѓите очекувања, понекогаш ќе мораме да правиме работи за кои подоцна, нема да можеме да си простиме.

 

Вие можете многу повеќе!

Нели чувствувате како се кршите, како сте се' послаби и послаби кога размислуваме дека и овој ден е пекол, и овој ден сме само жртви на злото и чекаме само да заврши? Утре пак ќе очекуваме да се разбудиме среќни. А зошто да не биде денес тој ден кога ние како поединец, ќе погледнеме во себе и ќе ги анализираме своите постапки за да дознаеме што е она што прави да се чувствуваме потрошено и разочарано? Можеби се нашите мисли, можеби се туѓите зборови. Како и да е, важно е да знаеме дека можеме да влијаеме на сопствените мисли. И уште поважно е да знаеме дека можеме да влијаеме на тоа дали ќе ги прифатиме туѓите зборови кои имаат намера да не повредат, или ќе се насмевнеме со помисла: "Не вреди да ја трошам мојата енергија на ова!"

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.