Зимска идила

Објавено на од

    Наговестувањето за зимата и постилањето на првиот бел килим секогаш успева да стпопи неколку срца од радост колку и ладно да изгледа,особено оние ''големите''кои со нетрпение го очекуваат. Да остенете будни и восхитени со пристигнувањето на секоја една од нив,гледајки како секоја од нив го наоѓа сопственото место во просторот нејзиното височество Снегулка.Толку блиска,достапна а сепак никогаш нема да може да биде присвоена од некој.

     

Зимата ја има таа моќ да ве натера да одлутате во некој чудествен свет каде се изгледа толку чисто,невно,магично.Светкавиот прав кој во тој момент вее само за вас и ви дозволува да ја употребите целата ваша креативност во дообликувањето на вашата сопствена бајка.Вечерите поминати со саканите личности во овој период од годината претставуваат посебна слика.Магијата која змата им ја дава на дотогаш секојдневни сегменти е особена без разлика дали ке се одлучите за гледање филм под топлата покривка,топло чоколадо со пријателите или едноставно ке ја пронајдете својата магија пред печката за греење слушајки ја играта на огнот и повторно сакајки или не отворање на еден нов свет каде ке можете да го видите неговиот танц и почувствувате неговиот опоен мирис,музиката која му ја свират разжарените дрва.Враќање на спомените кога седевте во скутот на баба покрај огревот и ги слушавте најчудесните приказни кои беа како создадени само за вас.Еуфоријата која се засилуваше со секоја пукотница на костените кои се печееа во моментот.Последната глетка кон огништето,надзирањето на пламените јазли кои како да сакаат да излезат и да ви се придружат во топлиот кревет да ви го осветлуваат видикот се додека сонот не дојде по вас.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.