Желботека - може да ги исполни сите ваши желби

Објавено на од

Сигурно ви се случило да погледнете некој производ кој што очајно сакате да купите, но баш тој месец и не можете да си го дозволите. И верувам дека секој од вас си има своја листа на предмети кои би сакал да ги поседува, но оставени за иднина, да се купат во некои посветли денови.

Желботека како шопинг листа

Желботека ви овозможува да си ги наредите сите посакувани производи на една листа за купување и да си ја имате онлајн, достапна во секое време.

Желботека како препораки за подароци

Со оглед на тоа дека Facebook ја прави истата достапна и споделена со вашите пријатели кои ја користат истата апликација, истовремено имате и препораки за подароци кои ги посакувате, што е и главната намена на овој систем. На суптилен начин им кажувате на вашите пријатели што ви треба и на што најмногу би се израдувале.

А, гледајќи ја Желботека од другата страна, за сите славеници олеснат ви е изборот на подарок. Не треба ни да ги мислите, ни да имате големи недоумици околу изборот, само отворете ја нивната Желботека и имате преглед на се што тие би сакале да добијат!

Отсуство на дуплирање на подароци

Желботека е така направена да одалеку ја заобиколува можноста за добивање дупли подароци. Истиот момент кога некој од вашите пријатели го купи подарокот наведен во вашата листа на желби, статусот на производот се менува, потенцирајќи ја добиената количина, во случај да сте посакале повеќе примероци од добиениот производ.

 

Приоритет на подароците

Ако имате многу желби, некои поважни, некои само ги симпатирате од далеку :), тоа може и да го наведете во вашата Листа на желби, ставајќи им приоритет на добивање. Вашите пријатели го гледаат рангирањето и со самото тоа одбираат подарок кој повеќе би ве усреќил.

 

Подароци на домашна адреса и факторот на изненадување

Со давање на својата домашна адреса на Желботеката, која притоа не е видлива за вашите пријатели, им овозможувате на пријателите да ве изненадат со подарок на врата. Имено, со нарачка на посакуваниот подарок, нарачателот ја има опцијата да избере да стигне на вашата домашна адреса, спакуван и со потпишана порака за роденден!

 

Сите прослави на едно место

Желботека, покрај вашиот роденден, овозможува да ги добивате посакуваните подароци за сите ваши прослави, матурски, дипломски, свадби и годишнини. Само треба да го вметнете датумот на прославата, поводот и да очекувате да бидат известени, а вие да добивате подароци.

Никогаш заборавени прослави

Ако некогаш ваш другар се правдал за немањето подарок со тоа дека заборавил, повеќе ќе ги нема тие привилегии. Желботека праќа е-маил на сите ваши пријатели со кои сте ја споделиле желботеката за сите ваши прослави, 3 дена пред датумот! Им оставате дури 3 дена да пребаруваат низ богатата понуда на посакувани подароци за да изберат еден којшто би сакале да го поседувате!

Посака и ти да имаш своја Желботека? Епа ОТВОРИ СИ ТУКА!

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.