Како до вистинскиот подарок?

Објавено на од

Сите знаеме дека желбите и посакувањето се дел од човековата природа. Повеќе или помалку, секој од нас посакува да добие нешто што го нема, да отиде некаде каде што не бил, да постигне нешто коешто досега не го постигнал. Желбите се разновидни, а можностите сепак ограничени. Но, овде нема да зборуваме за големите и несекојдневни желби, туку за оние помалите и полесно остварливите.

Среќа е да се добие и даде подарок

Понекогаш е доволен само мал гест за да се чувствуваме подобро и посреќно, особено доколку гестот доаѓа од личност која ни е важна во животот. Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога веќе подолго време размислувате да си купите нешто, но пред да го направите тоа, некој ваш близок ви го дава токму истото нешто како подарок? Секако дека остварувањето на таа желба, но и чувството дека некој помислил на вас ве прави среќни и ви го подобрува расположението.

 

 

Сепак, убавината не е само во добивањето подароци, туку и во подарувањето. Најчесто, најмногу време околу бирање подароци за своите најблиски е периодот на Новогодишните празници, Денот на вљубените, Денот на жената и слично. Без разлика дали се работи се роденден, празник, или пак некој друг настан, секогаш е соодветно време да израдувате некого со подарок. Подарувањето е универзален начин да се искаже интерес, љубов, почит или благодарност кон личноста на која и се подарува.

Психологијата на подарувањето

Давањето подароци не само што го предизвикува чувството на среќа, туку има и низа други психолошки бенефиции. Подарувањето е израз на алтруизам- несебичен интерес за доброто на останатите. Давањето нешто без да се очекува  ништо за возврат го подобрува нашето психичко здравје. Исто така, се зголемува чувството на задоволство кога ќе го видиме среќниот израз на лицето на оној кому сме му го дале подарокот.  Подарувањето помага и во зацврстување на врските меѓу давателот и примачот на подарокот. Го намалува нивото на стрес, ги зајакнува односите меѓу луѓето и го подобрува животот.Од друга страна, понекогаш подарувањето помага и од ослободување на чувството на вина.

Како да се добие и подари соодветен подарок?

Барањето на соодветниот подарок претпоставува познавање на желбите и потребите на оној кому му се подарува. Истото важи и за оној кој го прима подарокот, односно останатите треба да ги познаваат вашите желби и вкусови за да не дојде до ситуација кога подарокот всушност не ви се допаѓа и нема да ви е корисен, но морате да го примите само за да не го разочарате или навредите оној кој ви го подарил.

 

Во ваков случај, најдоброто што можете да го направите е:

1. Да си отворите своја Желботека најавувајќи се со Facebook конект.

2. Да ги поканите своите Facebook пријатели и тие да си отворат Желботека.

3. Да ги внесете важните датуми за кои вашите пријатели ќе добиваат е-маил известувања. 

4. Да ја наполните својата Желботека со омилените производи.

5. Да ги споделите желбите со пријателите на социјалните медиуми (Facebook share).

6. Да ги добивате омилените подароци и да ги изненадувате своите пријатели со подароците кои тие ги сакаат.

7. Да ги добивате зделките кои ви се потребни. 

Не чекајте! Сега е вистинското време да ја креирате својата Желботека и да ги споделите желбите со вашите блиски. За претстојните празници - Св. Трифун и Св. Валентин, зголемете ги можностите да го добиете омилениот подарок и да ги изненадите вашите сакани со подарок кој нема да го заборават. Забавувајте се како никогаш досега! 

Подарувајте и примајте со љубов. Желбите зближуваат.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.