Време е за...мене!!!

Објавено на од

Летните одмори се веќе во полн ек. Дали сакате едно малку поинакво летно задоволство и доживување?

Денес, предлогот од наша страна е вашиот летен одмор да го искористите во некој спа центар, бања...

Пред се, за ова искуство е подготвена и нашата држава. Па така, во Македонија ги имаме Катланово, Кежовица, Бањско, Негорци, Истибања, Бањиште, Косоврасти и Проевце. Дел од овие бањи се акомодирани и за туристи, каде што можете да добиете најразлични спа третмани. 

Во нашата околина исто така можете да најдете и други спа центри, како на пример Велинград во Бугарија. Овој град ви нуди најразлични видови на бањи, базени со минерална вода, спа и доооостапни цени. 

Причините заради кои ви го даваме овој предлог се најразлични. Пред се, овој вид на одмор е многу поразличен од стандардната шема- песок, плажа, море/езеро...

Исто така, бенефитите за вашето тело се многубројни. Во прв ред тука се вбројува ослободувањето од стресот. По целогодишното работење, учење и сите стресови кои ги носи нашето секодневие, многу добро би ви дошле неколку дена комплетно релаксирање на целото ваше тело.

Спа третманите го подобруваат и вашиот метаболизам и вашата циркулација. По посетата на спа центар, вашата кожа, исто така, ќе ви биде многу благодарна.

Ова е добар начин да се изборите и со несониците. Со овие третмани, исто добивате и баланс на енергијата во вашето тело, ги одмарате мускулите и вршите комплетна детоксикација на организмот. Практикувајќи ваков начин на одмор, вие ја зголемувате еластичноста на вашето тело. И не заборавајте, ова е еден од најдобрите начини да се забави процесот на стареење.:)

Сепак, доколку не се во можност да си дозволите еден ваков вид на одмор, можете да си направите спа третман дома. Еден начин е када полна со топла вода во која ќе растворите миризлива купка.

[caption id="attachment_3592" align="aligncenter" width="280" caption="масло за во када"][/caption]

Другиот наш предлог е да отидете на масажа.

[caption id="attachment_3593" align="aligncenter" width="280" caption="Спа пилинг"][/caption]

Одлучете се на овој чекор, верувајте нема да зажалите. Дали вие досега сте пректикувале ваков вид на одмор? Ако да, слободно споделете ги вашите искуства со тимот на Желботека.

П.С. Уживајте во летото...:)

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.