Смуди е одличен начин да внесувате поголеми количини на свежо овошје и зелени растенија кои ќе му овозможат дополнителни бенефиции на Вашиот организам. Секоја Ваша замисла можете да ја претворите во одличен освежителен пијалок кој изобилува со антиоксиданси и витамини и воедно претставува одличен начин за подобрување на имунитетот и на варењето.
По само неколку голтки веднаш ќе почувствувате зголемување на енергијата и подобрување на расположението. Доколку немате идеја какво смуди да си приготвите денес, еве една супер едноставна формула за освежувачко смуди: зелени листови, сезонско овошје и малку вода и сето тоа во блендер!
Неколку ''правила'' за пиење на смудито:
* Пијте полека . Ако пиете големи голтки пребрзо, му ја отежнувате работата на желудникот и го успорувате варењето.
* Избегнувајте многу студени напитоци. Тие го шокираат дигестивниот систем и го успоруваат варењето на храната, а со тоа и хранењето на телото. Доколку додавате мраз, оставете го блендерот малку подолго да работи за да ја изедначи температурата со телесната температура.
* Конзумирајте го смутито веднаш по приготвувањето. Не оставајте го смутито долго да седи откако ќе го приготвите бидејќи овошјето може да оксидира.
Пригответе брзо и лесно смуди со помош на апаратите.
Дозволете му на телото да се прочисти со помош на вкусно смуди, како би било спремно за новиот ден. Уживајте!