Уметноста, еден поинаков подарок- Интервју со авторот

Објавено на од

Бидејќи секогаш сакаме да бидеме во тек со вистинските идеи за подароци, овој пат решивме да ви подготвиме интервју со една млада и оригинална девојка Радмила Бошкова, која изработува уникатни цртежи на плочки. Затоа, ја замоливме да ни одговори на неколку прашања со цел да им дадеме на нашите желботекисти уште една оригинална идеја за подарок. Инспириран од древните култури, ова е навистина еден естетско добар подарок привлечен за сечие око и сечиј вкус и претставува креативен микс на боите и симболите.

Од каде идејата за изработка на цртежи на плочки? Најискрено, идејата ја донесоа големиот број на плочки, кои останаа откако моите родители го реновираа нашиот дом. Од сите материјали кои останаа неискористени и на располагање, плочките ја имаа најдобрата форма, површина и големина, за изработка на нешто различно. Првите цртежи беа само проба дали плочките можат да трпат бои, спрејови, и како изгледаат по нивната обработка, а резултатите беа изненадувачки.

Какви бои и материјали користиш за нивната обработка?За обработка на плочки со порапава површина и без сјај, можат да завршат работа секакви бои – од акрилни и темперни па се до обични фломастери. Основната површина на плочката, може да се покрие со било каков спреј, во било која посакувана боја, а потоа деталите се само личен избор.

Кому ги подаруваш, а кому му ги продаваш и по кој повод? До сега, немам продадено ниту една плочка, бидејќи никогаш не сум размислувала на тоа при нивната изработка, но се разбира дека и никогаш не би одбила некоја понуда :) Ги подарувам на моите најблиски, но не се врзувам толку за поводот, колку за тоа на кого најмногу би му одговарал и кој најмногу би се радувал на подарокот.

Каква тематика најчесто може да се најде на плочките? Според мене, малата површина на плочките не трпи големи приказни и расплинувања, туку симболи и знаци. Она што јас најчесто го цртам се конкретно симболите на древните цивилизации на Маите, Ацтеките, Индијанците, за духот на природата и животните, хороскопот, месеците, азбуките и слично. Сметам дека нивните толкувања на нештата биле феноменални, многу поискрени и вистинити, од оние денес. Но често тематиката е и моментална, зависи од расположението и од впечатокот за време на денот кој никогаш не знаеш од каде би дошол.

На кој подарок најмногу си се израдувала? На зајакот Сецко и хрчакот Пецко...:). Но се радувам на секаков подарок и на секакво мало внимание.

Може ли во иднина да очекуваме твоја самостојна изложба? Зошто да не. Тоа е вистинскиот подарок за секој човек, кој нешто создава и изработува, и тоа нешто го прави со задоволство. Тој има обврска кон своите дела, да бидат видени и запаметени.

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.