Топ 5 причини: „Зошто повеќе да се сликате?“

Објавено на од

Постојат повеќе причини поради кои не сме расположени за сликање, како на пример:

  • Денес не ми се допаѓа косата.
  • Треба да ослабнам прво.
  • Презафатена сум!
  • Остај ме да уживам во моментот.

Овие причини избледуваат кога се споредуваат со вистинските причини зошто всушност треба почесто да се фотографираме. Сигурно листата може да биде подолга, но овде се наведени најважните 5 причини:

  1. Спомените избледнуваат – Без разлика колку си мислиме дека некој момент ќе паметиме засекогаш, лошата страна е дека повеќето од сеќавањата се забораваат со тек на време. Сликите овозможуваат тие моменти да траат засекогаш. Овие посебни моменти се наједноставни нешта во животот:  Среќата на лицето на вашите деца додека скокаат по креветот наутро. Зачуденоста и слатката насмевка на лицето на вашето бебе кога здогледува балончиња за прв пат. Како родители на мали деца, секој од нас постојано помислува: „Никогаш не сакам да го заборавам овој момент“. Тогаш сликајте се!

  1. Сликите ве поврзуваат со спомените – Секогаш е одлично да се имаат слики од интересните, луди приказни од нашите животи. Тогаш кога си ги разменивте алиштата со вашиот брат, кога вие носевте вратоврска, а тој пак фустан (секако кога бевте деца!). Ова се сликите кои ги разгледувате после 20 години, се смеете до солзи со реченицата: „ Дали се сеќаваш кога...“ Сликајте се!
  1. Ја зачувува историјата за идните генерации Вашите деца не би знаеле колку смешно сте изгледале на вашиот прв училишен ден, ако мајка ви не ве сликувала секоја година на влезот на портите од училиштето. Сериозно, сликите од нашата фамилија – прадедо и прабаба, дедо и баба, стрина и стрико, братучедите –  им ги покажува корените на нашите деца. Децата се здобиваат со чувството дека припаѓаат на нешто поголемо отколку од она што се случува во тој момент. Сликајте се!

  1. Сликите се непроценливо богатство – Сликите се сопственот која што е незаменлива. Да се испринтаат сликите чини само неколку денари, а претставува најдобра инвестиција која што можете да ја направите. Доколку луѓето поради некој настан изгубат с’е, сликите се она што ним најмногу им недостига. Од најголема важност е вашите слики да се  заштитат и да се чуваат на безбедно.
  1. Живото се менува многу брзо – Не постои совршен период за да се сликате. Не чекајте! Постои само овој момент и луѓето кои што се во твојот живот сега. Утре можеби нештата ќе се променат. Кога некој кој го сакате ќе почине, вам ви остануваат безбројните спомени и сликите. Вреднувајте што имате, сетете се што поседувате... Сликајте се!

Уживајте во Вашите скапоцени „слики од минатото“...

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.