Светско првенство + вкусна храна = совршена комбинација

Објавено на од

Сакате да му го привлечете вниманието на вашиот партнер за време на светското првенство во фудбал? Имате желба да и докажете на вашата љубена дека можете да припремите интересни десерти додека заедно ги следите натпреварите? Следат неколку рецепти за брзо и лесно спремена храна која не само што е вкусна, но и е декорирана во духот на светското првенство во фудбал.  

Светското првенство започна пред само неколку дена, а активното навивање и бодрење на вашите омилени тимови веќе почна силно да ве понесува што често заборавате дека воопшто сте биле гладни. Пред натпреварите, или за време на паузите, направете вкусно мезе и комплетно уживајте во натпреварот, а вашиот партнер, партнерка или пријатели ќе ви бидат премногу благодарни за слаткиот чин. Уживајте во следните рецепти со пиво, сок или што и да конзумирате и бидете дел од прекрасната еуфорија на светското првенство во фудбал кое се одржува во Бразил.

Оваа година светското првенство се одржува во Бразил. Со својата егзотичност, оваа земја одлично управува со духот на светското првенство и ја држи позитивната енергија на високо ниво. Иако е далеку, сепак оваа година обидете се да внесете малку од бразилската магија во вашиот дом додека го следите светското првенство во фудбал. Следат неколку бразилски рецепти кои мора да ги испробате.

1. Capirinha

Ако сакате да го вкусите Бразил и летото во една чаша, пробајте ја оваа мешавина. Пишаните количини се доволни за еден голем бокал, доволен за вас и вашите пријатели додека го гледате купот.

  • 5 лимони
  • 12 лажици кафен шеќер
  • 1/3 изрендан ѓумбир
  • Скршени ледени коцки
  • 70cl Cachaca
  • Свежи ливчиња од нане

Подготовка

Доколку не можете да најдете шише Cachaca во локалниот супермаркет, тогаш послужете се со обично шише водка.

Истискајте ги лимоните во големо шише, фрлајќи неколку лушпи внатре. Додадете ѓумбир и шеќер и потресете го шишето. Додадете ги коцките мраз и Cachaca, мешајте и на крајот додадете ги ливчињата нане.

2. Бразилски лепчиња со кашкавал или Pao De Queijo

Состојки за 24 парчиња:

  • 2 чашки брашно
  • 2 јајца
  • 1 литро млеко
  • ½ лажичка зеленчуково масло
  •  1 ½ пармезан

Подготовка

Загрејте ја рерната на 230 степени и поставете хартија за готвење на тава за готвење. Варете го млекото со малку сол и масло, мешајќи го од време на време за да не се залепи за тавчето. Тргнете го млекото кога ќе почне да врие. Додадете го брашното и мешајте. Почекајте тестото да се олади.

Во друга чинија, скршете ги јајцата и додавајте ги на тестото малку по малку. Додадете го пармезанот и почекајте.

За да ги направите соодветните форми, користете лажица или чашка за мерење и потоа ставете ги да се печат 30 минути.

3. Чили начос

Се што треба да направите е да купите чипс од локалниот супермаркет, а рецептот за чили сосот следи во прилог.

  • 1 конзерва доматен сос
  • 2 лук, исечен
  • 1 лажица сол
  • 1 чашка кафен шеќер
  • ½ чашка оцет
  • ½  лажица карамфил
  • ½ лажица цимет
  • ½ лажица силен зачин

Исечете ги доматите доколку се цели. Варете ги сите состојки ½ час или додека не е доволно густо.

 

Доколку не сте некој љубител на бразилската храна и сакате да ја декорирате чинијата со прехранбени производи на поинтересен начин, погледнете ги разните видови јадења кои се направени според знамињата и традиционалната храна на некои држави. Подгответе си оброк со знамето на вашиот омилен тим и навивајте гласно.

Австралија

Бразил

Франција

Грција

Италија

Јапонија

Кореа

Швајцарија

Шпанија

Соединети Американски Држави

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.