Вистинската книга според вашиот хороскопски знак

Објавено на од

Добрата книга е сон што го држите во вашите раце.- Нели Гаиман
Според хороскопските знаци ова се нивните омилени сонови исткајани од букви.

 

Овен 
Речиси и да нема жанр кој не ги интересира овните.Во детството,тоа се приказни во кои хероите победуваат и секако тие се идентификуваат со нив.Овните се восхитуваат на борците за слобода и романсите со силна содржина и силни ликови,кои се разликуваат од вообичаените норми на однесување,како и биографии.

Бик
Романтични приказни,големи љубови,но и практични совети за подобар и квалитетен живот се избор за овој знак кога се книгите во прашање.

Близнаци
За добар почеток на денот близнаците повеќе сакаат да одберат весници отколку книги.Најмногу ги интересираат фактите и информаците.

Рак
Раковите сакаат бајки, поезија и биографии на познатите личности.

Лав
Лавовите сакаат историски романи, како и книги чии теми се општеството и власта исто така ги фасцинира  и класичната литература.

Девица
Девиците читаат само проверена литература и доколку му веруваат на вашиот избор може да се обратат за препорака.

Вага
Љубовните романи, книгите кои ја глорифицираат убавината и животот, се најдобар предлог за претставниците на овој знак.

Шкорпија
Темите кои се мрачни, таинствени, табу теми, можете да ги најдете во домашната библиотека на Шкорпијата. Книги за војни, за секс и за смрт им се најлесни за разбирање на Шкорпиите. 

Стрелец
Стрелците сакаат филозофски книги и патописи. Можат да читаат сѐ, но ако некоја книга им здосади веднаш преминуваат на друга. 

Јарец
Историски теми, класици и практична литература е она што го сакаат Јарците. Овој знак сака антиквитети, стари работи, па и книги од тие области ќе им бидат интересни. Бестселери не ги интересираат, а ако некоја книга им се допадне ја читаат и по неколку пати.

Водолија
Водолијата сака необични книги, за научниците, науката и научната фантастика. Сака книги кои си поигруваат со нејзината фантазија,кои ке и понудат возбуда а не опуштање.

Риби
Романтични приказни, романи чие дејство се одвива во соништата...Бајки кои се бегство од овој свет тоа е она по што тежнеат рибите.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.