Сите ја сакаме Македонија

Објавено на од

Многумина од нас и ова лето решија одморот да го поминат дома-во Македонија. Нормално најпосетени дестинации се Охрид, Дојран, Преспа, Маврово... Но, дали некогаш сте посакале да ја запознаете својата земја малку подобро, па понатаму да можете да ја фалите и промовирате низ светот? :) Еве некои од нашите предлози кои можете да ги видите летово:

1. Куклица

Овој локалитет претставува “камен град”, во кој има 120 камени фигури-кукли, лоциран близу до селото Куклица, во кратовската област. Постојат најразлични легенди за неговото основање-некои велат дека тоа се сватови кои ги проколнала некоја невеста, други дека се работи за замрзната армија. Меѓутоа, тезата на научниците е дека ова чудо на природата е создадено пред 10 милиони години, под влијание на тектонските движења и растварањето на минерали во вода.

2. Дуф

Малкумина од нас занаат за овој прекрасен водопад. Тој е лоциран во непосредна близина на селото Ростуша-патот Маврово-Дебар.

3. Смолари

Уште еден водопад-дел од реката Ломница, длабоко во планината Беласица.

4. Колешино

Во близина на селото Колешеино, струмичко, се наоѓа уште едно наше природно ремек дело-Колешинските водопади.

5. Музеј на вода

Во близина на Охрид (плажа Градиште), се наоѓа реконструираната праисториска населба- музеј на вода “Залив на коските”. Но, не заборавајте, како и секој светски музеј и овој е затворен за посети во понеделник.

6. Вељуса

Женски манастир “Пресвета Богородица”, лоциран во селото Вељуса, Стумичко.

7. Водоча

Машки манастир “Св.Леонтиј”, на излезот на селото Водоча, 4 километри северозапдано од Струмица.

8. Рајчица

“Св.Јован Победоносец” - уште еден женски манастир, село Рајчица, дебарско.

9. Козјак

Вештачко езеро на реката Треска, кое ќе ве остави без здив. Припаѓа на општина Македонски брод.

10. Аквадукт Скопје

На само два километри од центарот на Скопје, се наоѓа овој археолошки локалитет. Колкумина од нас го имаат посетено?! :)

Качете се во кола, автобус или било кое друго превозно средство и прошетајте ја нашата прекрасна Македонија. Ќе добиете нови информации, нови искувстава и нова претстава за тоа каде живееме.:)

Дали имате некое друго место што би сакале да го предложите на тимот на Желботека?

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.