Што се ви е потребно за на одмор?

Објавено на од

Патувањата се возбудливи, но зависат од мноштво детали. Потребно е да се запомнат многу работи кои треба да се понесат, a заборавањето на само еден предмет понекогаш може да доведе до нервози и фрустрации. Независно дали вашата крајна дестинација е само два часа оддалечена или пак дваесет, еве неколку есенцијални предмети кои ќе ви ја олеснат следната летна авантура:

1. НЕСЕСЕР 

                               

 

Пакувањето на несесер, ќе ве потсети да ја спакувате и потребната козметика, како и накитот и разни ситни дребулии кои секогаш ќе ви бидат на дофат уредно спакувани. 

2. ЛАДИЛНИК ЗА ПИЈАЛОЦИ

           

 

Ладилниците се наменети за лименки, мали шишиња од пијалок по ваш избор за да можете соодветно да се освежите на плажа. Никако не заборавајте и на термосот како покомпактно решение за одржување на вашите пијалоци ладни. 

3. ПОЛНАЧ 

                         

Никако не заборавајте да понесете полнач за мобилен телефон со себе бидејќи сигурно ќе сакате да им се јавите на најблиските, да пребарате нешто на интернет или да слушате музика од својот телефон. 

 

4. ТОРБА 

                                       

Независно дали е торба за патување или пак торба за на плажа, поседувањето на практична торба која ќе биде доволно голема и издржлива, а притоа и универзална за да можете да ја носите со различни дневни комбинации е нешто што морате да го поседувате. 

 

5. ФОТОАПАРАТ

                                                                                                                           

За совршен одмор, неопходно е да имате и фотоапарат со кој ќе ги зачувате сите интересни и посебни моменти вредни за паметење кои подоцна ќе ве потсетуваат на изминатото лето, а ќе можете да им ги покажете и на пријателите.  Не заборавајте и полнач за батерии за вашиот фотоапарат, за да бидете спремни за фотографирање во секое време. 

6. ПЕШКИР 

                                                 

Пешкир секако ќе си земете. Но, оваа година, по можност купете некој нов со пастелни бои и удобен за релаксирање.

 

7. ГПС уред за навигација

                                     

Независно дали вашата летна дестинација е на планина, море или некоја европска метропола, ГПС уред за навигација е корисен gadget кој мора да си го приуштите доколку сте авантурист кој сака да посетува нови места, или едноставно не се снаоѓате лесно со мапите. 

8. КНИГА

                                           

Во брзото време во кое живееме, понекогаш едноставно не можеме да најдеме слободно време за да ги правиме нештата во кои искрено уживаме, како на пример, читањето книги. Токму затоа летните одмори се особено убави бидејќи нема ништо порелаксирачко од интересна книга под длабока сенка покрај море. А за оние помодерните, не заборавајте да си го спакувате таблетот во вашата торба за плажа со книги во електронска верзија.

9. КРЕМА ЗА СОНЧАЊЕ

                                                 

 Внимавајте на своето здравје и на тоа да не изгорите и да ја оштетите својата кожа. Затоа, понесете некоја квалитетна крема или лосион за сончање со кој ќе можете да го заштитите целото тело.

 

Понесете ги овие предмети, потребната облека и доброто расположение и уживајте во претстојните одмори! 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.