Што сакаат жените?

Објавено на од

Често се доведуваме во ситуација да не знаеме кои се желбите на преставничките од женскиот род. Навистина не е лесно да се разбере што би можело да ја направи да се насмее и да донесе сјај во нејзините очи...ова можеби е точно можеби и не. Денес ќе ја застапуваме страната дека не е вистина дека не може да се “сконта“ што е тоа што прави една жена да се насмее од уво до уво кога ќе види подарок.

Ај да симплифицираме

Еве некои од категориите на подароци кои инстантно ќе направат жената да се чувствува добро:

1. Накит

Ниедна жена не може да остане рамнодушна доколку како подарок добие накит. И тоа не било каков. Пред да дојдеме до моментот да купиме накит треба да спремиме стратегија, односно треба да се посетат неколку продавници за накит со неа за да видиме што точно таа гледа и кој е од прилика нејзиниот вкус. Точно, ова е стратегија ама многу успешна :)

[caption id="attachment_3817" align="aligncenter" width="420" caption="Сребрена нараквица TIFFANY & CO"][/caption]

[button color="red" link="http://www.tc.mk/shopping/narakvica-od-tiffany-andamp-co-srebro-925/4582/1#" window="true"]Купи[/button]

 

2. Парфем

Жените сакаат трендови меѓутоа од друга страна сакаат и да бидат единствени и уникатни. Затоа кога би и подарувале парфем  можеби треба убаво да се размисли која приказна ќе биде “залепена“ и која слика сакате да ја изградите за неа подарувајќи и арома од тој стил. Само најважно е да биде некој кој не е многу поседуван од неа.

[caption id="attachment_3818" align="aligncenter" width="420" caption="Very Irresistible Summer Sorbet, Givanchy - 75ml"][/caption]

[button color="red" link="http://www.tc.mk/shopping/very-irresistible-summer-sorbet-givanchy--75ml/209/1" window="true"]Купи[/button]

 

3. Патувања

Нема никаков разговор и приговор околу ова. Само појавете се со 2 авио билета пред нејзината врата. (Летовите кон Венеција се прилично ефтини сега). Додека го пишувам текстов добив забелешка дека треба ПАТУВАЊЕ да се стави на прво место :) Се сложувате????

4. Долна облека

Жените сакаат да изгледаат добро и да си се чуствуваат секси во својата долна облека. Пред да дојдете до моментот да купувате долна облека морате да ја дознаете големината. Ова може да се добие преку неврзан муабет со неа или пак од нејзините пријателки. Пред да и купите долна облека присетете се или истражете каква боја најмногу “почитува“. (Да отворите во нејзината фиока нема да се налути, :) за добра цел е)

[caption id="attachment_3819" align="aligncenter" width="420" caption="Ружа со женски гаќички"][/caption]

[button color="red" link="http://www.tc.mk/shopping/ruzha-so-zhenski-gakjichki/5288/1#" window="true"]Купи[/button]

 

Жените сакаат ИЗНЕНАДУВАЊЕ и ИНТРИГАНТНОСТ.

Во еден филм (чиј наслов не ми текнува во моментов) еден маж прашува друг како успева да ја “држи магијата“ измеѓу него и жена му. Првиот одговара:
1. Се однесувам како сеуште да ја немам освоено;
2. Конзистентно подарување на подароци.

Без разлика што да подарувате и без разлика дали е скапо или ефтино КРЕИРАЈТЕ приказна која е базирана на изненадување и интрига. Многу е важно да имате стратегија и игривост во целата работа.

Сценарио : На влезната врата залепете ружа и лист до неа на која пишува дека имате изненадување за неа. Значи нема никаква причина не и е роденден, не слави ништо. Кога ќе ја отвори вратата нека има друг лист на ѕидот или како и да е на кој и давате насока да отиде на место во куќата станот и да побара нешто некаде. Таму нека има лист на кој ќе пишува: “хаха нема да биде толку лесно, сега отиди во нашата спална соба и погледни под...“. Ова можеби ќе ви биде смешно сега но во интимна средина врши многу работа. Кога ќе стаса таму каде што вие сакате да биде нека има позиционирано мали свеќички во форма на срце. Внатре во формата нека има два билета за патување, накит, или само лист хартија на кој ќе пишува дека треба да си го спакува куферот овој викенд и дека ќе идете на место кое ќе и се допаѓа. (Сеуште може да ја држите заинтригирана и нестрплива.) Или мало аквариумче со златна рипка во неа..или било што. Важно е да екпериментирате и планирате и да се потрудите да има игра, интрига и изненадување...

Дури и да ви е смешен постов, пробајте и видете дали ќе има резултат. :)

 

Powered by: Јоцо

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.