Што сѐ би можеле да сместите на покривот? - 7 светски атракции

Објавено на од


1. Детско игралиште

Ова мора да е вистински кошмар за секој родител! Ова неверојатно детско игралиште е лоцирано на покривот од 3 згради во густо населените делови од Копенхаген. Иако ниската ограда мора да е главната грижа на родителите, да погледнеме и на посветлата страна - децата кои овде си играле и преживеале сигурно ќе пораснат во самоуверени и авантуристички настроени луѓе :).

2. Базен

Ако не сакате височини, тогаш овој базен не е за вас – се наоѓа на висина од 55 ката, на работ од најскапиот хотел во светот “Marina Bay” во Сингапур. Иако можеби изгледа ризично, овој базен е совршено безбеден за пливање. Водата од работ се излива во посебен дел кој ја враќа повторно во базенот. Самата платформа на која се наоѓа базенот е подолга од Ајфеловата кула налегната хоризонтално и е единствена од својот вид во светот.

3. Камп приколки

Grand Daddy хотелот во Cape Town со своите камп приколки стана едно од најозборуваните и најтренди места во Јужна Африка. Овие камп приколки, специјално дизајнирани од локални уметници и дизајнери, се претворени во луксузни апартмани на покривот.

4. Игралиште за тенис

На врвот на хотелот Burj Al Arab во Дубаи, 211 метри над земјата се наоѓа највисокото тениско игралиште во светот. Андре Агаси и Роџер Федерер биле поканети овде да изиграат еден пријателски меч.

5. Ролер костер

Како да возењето на ролер костер не е доволно возбудливо искуство само по себе, овој е лоциран на покривот од осумкатен трговски центар во Токио. За жал или за среќа, ролер костерот никогаш не бил отворен, поради можните неочекувани проблеми кои можат да се појават.

6. Бар

Ова мора да е најдобриот бар во цел Банког. Високо на врвот на 63тиот кат, ова е еден од највисоките отворени барови во светот, а со панорамскиот поглед на градот и прекрасниот амбиент ја претвора секоја помината минута во посебен момент.

7. Кино

Освен што се наоѓа високо на покрив со панорамски поглед на градот одоколу, во ова кино во Австралија се служат и алкохолни пијалоци. Што друго би можеле да посакате за посебно филмско искуство?


comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.