Што е Желботека?

Објавено на од

Вашиот пријател слави важен настан, а вие сe уште немате идеја што да му подарите? Во последен миг барате низ продавниците каде што наидувате само на премногу обични подароци, а сакате да подарите нешто оригинално? Или пак, секојдневните обврски ви оставаат сосема малку време за размислување и креативност? Барате соодветно решение? Желботека е повторно тука за вас, редизајнирана за да ве зближи повеќе и да ви го олесни патот до вистинскиот подарок за вас и пријателите.

izvestuvanje za podarok od prijatel

Изненадувањето е бесценето

Веруваме дека барем еднаш во животот сте биле пријатно изненадени. Изнедувања се како мали затворени кутивчиња полни со среќа. Кога ќе ги отворите среќата излегува од нив. Малите слатки изненадувања носат повеќе среќа и радост на лицата на вашите најблиски отколку некој скап подарок. А среќата и радоста се бесценети кога се искрени и подарени од срце.

Вашите пријатели нема ни да знаат дека сте им купиле подарок од желботека се додека не им стигне на врата. Можете да се одлучите да изненадите некој пријател за само неколку минути. Замислете ја реакцијата на неговото лице кога ќе го добие вистинскиот подарок без да очекува.

 

Вистински подарок секој пат

Веројатно ви се има случено да добиете подарок кој не сте го посакувале, или пак да не знаете што да му подарите на пријателот за роденденот кој му следува. Не е лесно секогаш да знаете кој е вистинскиот подарок за вашите пријатели, ниту пак е лесно да го пронајдете истиот. Чувството кога се преправаме дека подарокот е во ред, знае да го расипе поводот. А од друга страна радоста е огромна кога се подаруваат и примаат вистинските подароци.

Со Желботека, добивањето и испраќањето на вистинскиот подарок е лесно! Може да си отворите своја желботека во која ќе ги додавате посакуваните производи, а Желботека ќе ги споделува со вашите пријатели пред убавиот повод и на тој начин ќе бидете чекор поблиску до остварување на вашите желби. Ако вие и вашите најблиски сте поврзани преку желботека, тогаш секогаш ќе ги добивате вистинските подароци.

 

podarok za partner

Само потребните зделки за вас

Сите посакувате веднаш да ги дознавате најновите информации за нештата кои ви се потребни, наместо да бидете “бомбардирани” со непотребни и некорисни пораки. Како звучи да имате помошник кој прави идеални зделки за вас?

Желботека ви овозможува да добивате персонализирани зделки и попусти за вашите желби. Ќе бидете известени секогаш кога некој од производите кои ги посакувате е на попуст. Единствено што вие треба да направите е да го отворите срцето за светот и да посакувате! Освен пријателите на желботека, и Трговски центар ќе ги има на ум вашите желби па очекувајте директни промоции и попусти во согласност со нив!

Не заборавајте и заштедете време

Ви се случило ли некогаш да заборавите важен настан на некој ваш близок? Или пак сте се сетиле во последен моменет и во недостаток на време и идеја за подарок сте му подариле нешто само за да не одите со празни раце? Некогаш дознавате предоцна за да купите подарок. Не можете едноставно да ги запишете сите настани и да проверувате кога некој од нив се ближи.  Ви треба некој кој ќе  ве потсетува за важните настани.

Желботека ве потсетува за желбите на пријателите пред нивните важни датуми, а вие можете да испратите подарок директно на нивната адреса за една минута, без стандардното разгледување на излози! Наместо тоа, разгледајте ја желботеката на вашиот пријател и одлучете што да му подарите. Не само што ќе заштедите време, туку и секогаш ќе сте во тек со најважните настани на вашите пријатели.

lista so bitni datumi na prijatelite

Подарувањето е забава

Среќа е да се добие подарок, со или без повод. Но, среќа е и да се подари некому од срце и да се ужива во чувството дека токму вие сте “виновникот” за насмевката на неговото лице. Кога се подарува, се планира и вие сте ентузијасти за тоа како целиот план ќе се изведе. Едноставно не можете да дочекатe да ја видите реакцијата на оној кому му подарувате.

Со вашата Желботека, подарувањето ќе биде вистинска забава за вас, бидејќи бирањето подарок е лесно, едноставно и дискретно. А доколку сакате може да биде и јавно и забавно!

Затоа, внимавајте што посакувате - може да ви се исполни!  

 

 

 

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.