Што да подарите на хороскопскиот знак близнак(21 мај- 20 јуни)

Објавено на од

Знакот близнаци е третиот знак од зодијакот и е предводен од планетата Меркур. Основната карактеристика на овој знак е нивната променливост, проследена со многу различни идеи, и она што е уште покарактеристично за нив е љубопитноста и непресушената желба за знаење и напредување. Како можете да го препознаете близнакот меѓу вас? Тоа се дефинитивно луѓето кои постојано се разиграни, весели и насмеани, секогаш кажуваат шеги и зборуваат за се што можат да зборуваат затоа што во центарот на сите нивни активности се наоѓа пред се комуникацијата.

Кога барате специјален подарок за момче/девојче родено во овој знак треба да научите една работа:тие навистина сакаат се! Нивниот разноличен вкус не дозволува некоја работа да не им се допадне, поготово ако е подарена од некоја драга личност. Како и да е, еве некои наши предлози кои навистина одлично се совпаѓаат со нивниот карактер.

 

Подарок добар и за момчиња и за девојчиња родени под овој знак

Познавајќи ги нивните карактеристики како креативност и дружељубивост, најдоброто нешто за близнаците без разлика дали се машки или девојчиња е мобилен телефон со нависитна добри и современи апликации и можност за конекција на интернет. Уште да има опција да зборува бесплатно, сигурно дека нема да го остави мобилниот ни минута.

[caption id="attachment_2253" align="aligncenter" width="150" caption="Мобилен од Адванс Медиа"][/caption]

 

Подарок за жената близнак

 

[caption id="attachment_2245" align="alignleft" width="150" caption="книга од My Shop"][/caption]

 

Се она што за нив значи ново искуство е вистинскиот избор за подарок. Затоа близнаците навистина знаат да се израдуваат на некој добра книга, но внимавајте, таа мора да биде посветена за нив. Еден одличен предлог е книгата пс. “Те сакам” од Сесилија Ахерн, но исто така нема да згрешите ако одберете и некој прирачник за хороскопските знаци.

 

 

 

[caption id="attachment_2248" align="alignright" width="150" caption="Ваучер за шопинг"][/caption]

 

Можеби звучи малку чудно, но сепак е вистинито дека близнаците купуваат тогаш коа тие навистина се расположени за купување па дури и кога станува збор за нивната омилена продавница за шопинг. Затоа, за да не почувствуваат притисок дека треба да одберат нешто набрзина, подобро е да им подарите некој вредносен ваучер. Така ќе им овозможите да уживаат во одбирањето подарок во денот кога тие навистина сакаат да се подноват.

 

 

[caption id="attachment_2251" align="alignleft" width="150" caption="Алка од Smaragd-Evolution"][/caption]

 

 

За близнаците носењето на накит е навистина ритуал. Тие сакаат раскошен и гламурозен накит и навистина секое парче го носат со задоволство без разлика дали станува збор за прстен, ланче, алка или пак обетки.

 

 

 

[caption id="attachment_2252" align="alignright" width="150" caption="Сложувалка"][/caption]

 

 

За да се обидете барем малку да ги скротите близнаците и нивниот неуморен и темпераментен карактер, тогаш одлучете се да им подарите сложувалка. Можеби нема да го видите тоа задоволство да ја наредат цела, но за нив редењето ќе претставува навистина одмор и релаксација.

 

 

 

Подарок за мажот близнак

 

[caption id="attachment_2256" align="alignleft" width="150" caption="Лап топ од Сет компјутери"][/caption]

 

 

Повторно подарок кој е поврзан со комуникативниот близнак, а истовремено му отвара и нови видици- запознавање на нови пријатели преку facebook! Одлична комбинација за близначињата кои се навистина големи шмекери.

 

 

 

[caption id="attachment_2257" align="alignright" width="150" caption="Нотес од Promo concept"][/caption]

 

Кога започнуваат некоја работа, близнаците секогаш се целосно посветени. Пред се тие сакаат да изгледаат профеионално во својата работа, па затоа еден ваков нотес навистина ќе им се најде во нивната работа, и што е уште поважно, ќе им помогне да бидат малку поорганизирани.

 

 

 

[caption id="attachment_2258" align="alignleft" width="150" caption="Карта за Дизни"][/caption]

 

Подарете им на вашите драги близнаци искуство. Тоа е нешто што многу ќе им значи, бидејќи тие секогаш сакаат да почувствуваат и да видат нешто ново, необично и поинакво.

 

 

 

 

[caption id="attachment_2276" align="alignright" width="150" caption="маичка "Define girlfriend""][/caption]

 

Некоја маичка со интересна содржина на близнакот сигурно дека би му била добродојдена. За него ќе претставува уште една можност да направи некој добар хумор и повторно да го привлече вниманието.

 

 

 

 

Се надевам дека овие идеи ви помогнаа да го пронајдете вистинскиот подарок за вашиот пријател или партнер. Ова е уште една причина плус да ги проверите желботеките на вашите најблиски и да ги проверите нивните идеи за подарок.

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.