Различни Велигденски традиции

Објавено на од

     Православните христијани со неизмерна радост го очекуваат големиот христијански и најстар празник Велигден. На овој значаен ден сите се присетуваат на христовото жртвување за спас на човештвото.
     Велигденските јајца и чоколадните велигденски зајаци, симболизирајќи ја плодноста и преродбата се заеднички за Велигденските прослави. Меѓутоа, Велигден во голем дел од државите е прославен на различни начини.

Финска

     Децата од Скандинавските држави, просат по улица со исшарани лица и со шалови на главите, носејќи метла и куп од гранчиња од врба. Во некои делови од Западна Финска, луѓето прават оган на Велигденска Недела, додека Нордиската традиција произлегува од верувањето дека пламените вардат од вештерките кои ги има наоколу на Велики Петок и Велигденска Недела.

Полска

     Поливањето вода, едни на други е Полска Велигденска традиција наречена Smingus-Dyngus. На Велигденски Понеделник, машките се обидуваат да ги измократ останатите со кофи вода, водни пиштоли или со нешто што ќе им се најде при рака. Според легендата, девојките кои ќе бидат потопени, ќе се омажат следната година. Корените на оваа освежувачка традиција потекнуваат од крштевката на Полскиот принц, Mieszko на Велигденски Понеделник во 966 н.е.

Франција

     Не заборавајте да понесете вилушка ако за Велигден се најдете во Францускиот јужен град, Haux. Секоја година во центарот на градот се служи огромен омлет. А под огромен, мислиме џиновски омлет, направен од 4500 јајца од кои може да се најадат 1000 луѓе. Приказната вели, кога Наполеон минувал со неговара армија низ јужниот дел на Франција, запреле во некој мал град и нарачале омлети. Омлетот толку го воодушевил Наполеон, при што тој им наредил на луѓето од градот да ги соберат сите јајца во градот и да му спремат нему и неговата армија, огромен омлет за наредниот ден.

• Грција

     Традиционално, утрото на Света сабота, на грчкиот остров Корфу, се одвива “Фрлање на садови”. Луѓето фрлаат земјени садови и тавчиња преку нивните прозорци, кршејќи ги на улица. Некои велат дека обичајот доаѓа од Венецијанците кои на Нова Година ги фрлале сите свои стари предмети.

Норвешка

     Велигден во Норвешка е популарен период за читање на криминални романи кога издавачите ги објавуваат за продажба спрецијалните “Велигденски трилери” познати како Paaskekrimmen. Оваа традиција започнала во 1923 година, кога издавач на книга го промовирал својот криминален роман на насловната страна на весниците. Рекламите толку наликувале на вести, поради што луѓето не знаеле дека се работи јавен/маркетинг трик.

Италијa

     На Велики Петок, Папата го одбележува Патот на крстот – Via Crusis во Колосеумот: oгромен крст со запалени факели го осветлуваат небото како 14 Станици на крстот, објаснети на неколку јазици. На Велигденска Недела, илјадници посетители се собираат на плоштадот Св. Петар, под балконот од црквата, чекајќи го благословот од Папата, познат како "Urbi et Orbi" (“До Градот и до Светот”).

Чешка и Словачка

     За овој Велигден патувате во Источните Европски држави? Тогаш подобро, пазете се! Постои традиција на Велики Понеделник кога мажите ги удираат жените со рачно изработени камшици од врба и декорирана со панделка. Според легендата, врбата е првото дрво кое цвета на пролет, па виталноста и плодноста, гранките ја пренесуваат на жените. Ова забавно удирање е само за добра забава, но не за да предизвика болка.

Шпанија

     На Велики Четврток во Вергес, Шпанија, се изведува традиционалнот "танц на смртта” (“dansa de la mort”). Со цел да се повторат сцените од “The Passion”, сите се облекуваат со скелет костуми и парадираат низ улиците. Танцот започнува на полноќ и продолжува три часа до утринските часови.

Вашингтон

     Белата куќа веќе 130 години е домаќин на “Велигденско Тркалање на јајце”. Главната активност вклучува тркалање на сварени и обоени јајца со голема лажица, но сега овој настан може да се пофали со поголема забава, како музички групи, ловеже на јајце, спортстки и занаетчиски активности.



     Обичаите и верувањата се различни, во тоа е убавината на традициите. Велигден е празник над празниците, кога Исус ја докажал својата боженствена моќ и сила. Нека ни се честити Велигденските празнувања!

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.