Предлог книги за поубаво лето

Објавено на од

Летото е период кога вашите секојдневни активности и обврски се намалуваат. Ви останува повеќе слободно време. Ако сте љубител на книги, тогаш тие се одлични придружници со кои брзо ќе ви помине времето. Ние ви предлагаме неколку наслови кои сигурно ќе ве натераат да ги прочитате во еден здив.

1. „Слатки мали откази“- Сали Кослоу

Little Pink Slips

Магнолија Голд е софистицирана и успешна уредничка на познато женско списание. Но во еден момент, нејзиниот труд и она што со години го градела е уништено. Токму кога ситуацијата ќе и стане полоша, Магнолија не може ни да претпостави колку прекрасни изненадувања ја очекуваат во животот. Таа се враќа во игра... На работа и на љбовта... „Мали слатки откази“ е роман за неуспехот, подемот и слатката одмазда на жена која е интелегентна, амбициозна и која многу ја сака својата работа и целосно се посветува на неа.

2. „Не си тој којшто го посакувам“- Александра Потер

Во оваa духовитa и магична комедија ќе дознаете што се случува кога сонот на секоја девојка, да го запознае човекот на својот живот – навистина станува реалност… Но што ако тој не е Вистинскиот? Токму ова ќе и се случи на Луси, која сфаќа дека човекот на нејзиниот живот не е тој по кого копнеела со години. Таа само ќе сака да се ослободи од него, но тоа нема да биде лесно. Оваа книга ќе ве насмее до солзи со многу комични ситуации и дијалози помеѓу ликовите.

3. „Загубениот симбол“- Ден Браун

The lost symbol

ОНА ШТО Е ЗАГУБЕНО ЌЕ СЕ ОТКРИЕ... Вашингтон: Симболот од Харвард. Роберт Лангдон е повикан во последен миг да одржи вечерно предавање во Капитол, кога се појавува антички предмет со пет симболи за кој Роберт сфаќа дека е покана. Повик кон еден скриен свет во кој оди со цел да го спаси неговиот почитуван ментор, Питер Соломон. Лангдон брзо се наоѓа себеси затворен зад бедемите од најмоќниот град во Америка. Возбудлива и генијална, мистерија која ќе го зароби вашето внимание до последната страница...

4. „Едно место во светот“- Фабио Воло

edno-mesto-vo-svetot

Можеби треба да се предизвика судбината со некој луд избор, со љубовен копнеж, со храбар потег. Но, што се случува кога младиот човек ја предизвикува сопствената судбина? Како тоа изгледа на 28 години? Се наоѓа ли себеси? Овој роман ќе ве потсети на тоа дека треба да бидете среќни со она што го имате, бидејќи и тоа може лесно да се изгуби.

5. „Девојката со портокали“- Јустејн Гордер

Devojkata so portokali

Георг, 15-годишно момче добива писмо од татко му. Возбудливо и забавно писмо за мистериозната девојка со портокали кое претставува прекрасна и трогателна љубовна приказна. Книгата раскажува за потрагата по вистинската љубов и храброста во животот која води кон постигнување на замислените цели.

6. „Книга без наслов“- Непознат писател

The book with no name

„Почитуван читателу. Само на оние со чисто срце погледот може да им падне на оваа книга. Секоја страница којашто ќе ја свртиш, секоја глава којашто ќе ја прочиташ те води поблиску до крајот. Сите нема да успеат во тоа...- Непознатиот“. Вака започнува книгата. Самиот наслов е мистерија, а книгата е исполнета со необични и мистериозни заплети што уште повеќе ќе ве привлечат да ја прочитате во еден здив.

7. „Гревот на нејзината мајка“- Мир-Јам

Grevot na nejzinata majka

Откако ќе ги изгуби родителите, Неда останува сосема сама. Приморана да го напушти родителскиот дом таа се соочува со свет во кој владеат правилата на мажите. Ја пробува својата среќа во големиот град Белград и под туѓо име оди во селото каде е тајно венчана со нејзиниот таканаречен маж. Иако полека ќе го засака Бојан, нејзиниот маж, сепак таа дознава тајни кои можеби ќе ја разделат од него.

8. „Писмата на Саманта за Џенифер“- Џејмс Патерсон

Pismata na Samanta za Dzenifer

Заздравувајќи од трагедијата што и се случила, Џенифер се сели на село, каде живее нејзината баба. Таму, освен грижата за својата сакана баба, Џенифер открива нова смисла на животот и дознава неверојатни приказни за една прекрасна љубов. Да пронајдеш личност со која поседуваш иста енергија, делиш страст за многу работи е многу тешко. Понекогаш се чини и дека е невозможно. Но дали тоа важи за Џенифер?

9. „Од прва рака“- Даглас Едвардс

Od prva raka

Книга која раскажува какво е чувството да се биде дел од вртоглавиот подем на една компанија каков што не бил виден претходно, да се опстојува во една средина каде што не важат старите правила. Исповед на 59-тиот вработен во Google, која како нова компанија има неконвенционален начин на функционирање, со кој тој треба да се соочи. Ги опишува и сите подеми на оваа компанија која мора да се соочи со сите препреки.

10. „Венчален кум“- Мет Дан

Venchalen kum

Најдобриот пријател на Адам Бејли е на пат да направи најголема грешка во животот. Адам има шест седмици за да спречи во тоа. Кога најблискиот пријател ќе му соопшти дека се жени, Адам е целосно вчудовиден. Како Ник можел да се заљуби во итрата Сандра – девојката чие омилено четиво и се книжните чекови? Дали ќе успее да го разубеди? Книга која раскажува за тројца другари, од кои секој од нив е различен. Интересна приказна која ги прикажува мажите во едно поинакво светло.

Се надеваме дека некоја од овие книги ќе го привлече вашето внимание. Затоа едноставно, каде и да сте, дома или на плажа, земете ја вашата омилена книга, опуштете се и подгответе се за неверојатно патување низ нејзините страници.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.