Подарок за хороскопскиот знак Овен

Објавено на од

Знак Овен ( од 21ви март до 20ти април)

Независни, љубезни, големи оптимисти и ентузијасти, импулсивни и нетрпеливи, со овие неколку зборови можеме секогаш да го опишеме знакот овен. Но, сепак карактерот не е сосема доволен за да можеме да одбереме соодветен подарок кои тие навистина го посакуваат и на кој тие навистина ќе му се радуваат. Затоа ќе започнеме со неколку основни карактеристики на овенот кои ќе ни ја опишат неговата личност и ќе не насочат кон вистинскиот подарок.

КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ЗНАКОТ ОВЕН

Овенот е првиот знак во астрологијата. Тој припаѓа на групата на огнени знаци заедно со стрелецот и лавот. Затоа на сите овие знаци им се препишуваат карактеристиките на имагинативни, инспиративни и големи трагачи по возбуда. По природа, овните се многу добри пријатели, тие секогаш се грижат за нив, постојано ги штитат и ги охрабруваат тогаш кога е најпотребно. Од друга страна пак, понекогаш влегуваат во конфликти поради нивната агресивна и упорна природа и ретко кога нешто ќе имаат на ум не го остваруваат. Независноста е нивната најбитна особина бидејќи она што не сакаат е да имаат наредби од други. Не знаат да лажат, а и да го направат тоа, тие најчесто се фатени од другите. За нив важи правилото “Подобро е да почекаш малку ама да ја направиш вистинската работа, отколку набрзина да направиш нешто навистина погрешно”.

Познати Овни: Casanova, Rene Descartes, Vincent Van Gogh, Elton John, Diana Ross, Eric Clapton, Richard Chamberlain, Emilie Zola, Hans Christian Andersen, Eddi Murphy, Marlon Brando, Ayrton Senna, Quentin Tarantino, Jennifer Capriati, Elle Mac Pherson, Bette Davis;

ПОДАРОК ЗА ОВЕН-МАЖ

Мажите со знакот овен се големи колекционери. Ако знаете точно што сакаат да собираат од старт ќе добиете еден голем плус од нив. Тие исто така многу сакаат да штедат, па идеален подарок за нив би било нешто што е поврзано токму со парите како каси за штедење и паричници. Она што е најбитно е дека сакаат подароци кои ќе можат да ги допрат, но и подароци кои ќе можат да ги почувствуваат на себе.

  1. Масажа или спа третман- Супер подарок за мажот овен во било кој период од годината. Секој овен со овој подарок би се чувствувал среќно и исполнето. Ова е вистински подарок за овенот доколку сакате да му ја вратите неговата сила и енергија.

  2. MP4- Малечкото, а сепак со моќен звук МP4че на овенот ќе му приреди многу големо задоволство. Едноставно е за користење, само треба да стиснеш play и да уживаш во музиката.

  3. Лосион за после бричење- Имајќи на ум колку само овните се грижат за нивниот изглед, и колку сакаат да остават впечаток со нивниот изглед, еден ваков лосион за после бричење би бил совршен подарок за овенот маж.

  4. Папучи- Удобни, меки и лесни за носење, а сепак неизбежни кога овенот сака да се опушти од секојдневните обврски. Иберете црна, кафеава или сива боја.
  5. Касичка- Како што претходно кажавме, овните се доста штедливи, тие буквано знаат да го распределат секој свој денар и да го наменат за вистинската работа. Затоа убаво би им дошла една ваква касичка за подарок.

ПОДАРОК ЗА ОВЕН- ЖЕНА

На жената овен подарете и нешто ново и невообичаено, нешто што навистина ќе ја изненади и ќе ја остави без здив. Тие по природа се вистински претприемачи, па подарок што ќе даде голем придонес за нивниот бизнис е навистина она што тие го сакаат. Неверојатно енергичните овни исто така ќе уживаат и во спортска облека или пак во карти за некој добар натпревар или концерт. Во принцип, жената овен го сака оној подарок што ќе и посочи на фактот дека токму таа е број 1!!!

1. Спортска опрема- Бидејќи овните се многу енергични и го сакаат спортот, можете да им подарите спортска капа, тренерки или патики. Тие многу ќе се израдуваат на ваквиот подарок и сигурно ќе го промовираат на првиот натпревар.

2. Карти за забава- Иновативните и многу дружељубиви овни со темпераментен карактер сигурно ќе уживаат во карти со интересна содржина кои ќе можат да ги искористат кога се во друштво и кои ќе придонесат за кул забава.

3. Чаши со забавна содржина- Секогаш добро расположените овни ќе имаат задоволство плус доколку на својата забава ги имаат најиновативните и најинтересните предмети.

[caption id="attachment_1484" align="aligncenter" width="150" caption="L'adoro Gifts & Magic"][/caption]

4. Дигитален апарат- За секогаш да можат да се сеќаваат на концертот, натпреварот или забавата на која тие биле најзабележани, подарете им еден дигитален апарат со кои ќе можат да направат незаборавни фотографии.

[caption id="attachment_1486" align="aligncenter" width="150" caption="Адванс Медија"][/caption]

5. Стикери- За работохоличарите и амбициозните луѓе како што се овните, стикерите со интересна содржина како “Talk to the hand” се навистина битен момент кога не сакаат да бидат прекинувани во работата. Затоа недвоумете се за подароков и верувајте дека тој навистина ќе им се допадне.

[caption id="attachment_1487" align="aligncenter" width="150" caption="L'adoro Gifts & Magic"][/caption]

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.