Подароци за Св. Валентин според фазата на вашата врска

Објавено на од

Сигурна сум дека многу пати сте се двоумеле што да им купите на вашите љубени за Денот на вљубените, родендени, годишници...колку пари е соодветно да потрошите, колку вреден да биде подарокот... Пoтоа, сте се плашеле од незгодни моменти како: што ако не вратат тие во иста мера, ако нивниот подарок е поскап и вие се чувствувате непријатно бидејќи сте мислеле дека можете да поминете со обична чоколада... Или нивниот подарок е само цвет, а вие сте се “убиле” во потрага по подарокот, сте потрошиле “мало богатство” и сега се чувствувате како да сте се опседнале со нив, а ни тие нешто помалку непријатно нема да се чувствуваат... Затоа ви даваме еден генерален водич што да подарите во зависност од фазата во која се наоѓа вашата врска.

 

Фаза 1: Почеток на врска или се уште неексклузивно “одење”

Во оваа фаза, сè уште не сте опуштени, не знаете каде води, така што посуптилни, понеобврзувачки подароци се добредојдени. Книга е сосема соодветен подарок. Купете им некоја од омилените, тоа ќе докаже дека сепак сте мислеле на нив дури сте ја купувале, а не дека сте ја собрале од дома првата која ви дошла при рака.

Кога прв пат ќе запознаете девојка или момче, не ги знаете веднаш нивните преференции, што сакаат, што не, меѓутоа секако знаете дали има миленик и љубител на миленичиња. Купувајќи нешто за нивниот миленик, покажува дека го почитувате и сакате нивниот “најдобар пријател”, а не покажува некоја подлабока емоција, која би било чудно да ја имате на почеток на врска.

Исто така, букет цвеќе е подарок со кој никогаш нема да згрешите! Го означува денот, покажува дека сте се сетиле, меѓутоа не открива некое поинтензивно чувство.

Фаза 2: Нова романса

Во оваа фаза, веќе сте ги искажале чувствата, посветени сте си, меѓутоа сè уште е рано за долгорочни и неизмерно скапи подароци.

Приврзок или паричник би бил одличен подарок за вашата партнерка. Тоа е слатко (но не премногу сериозно), убаво (но не одвлекува толку внимание), а носејќи го, секогаш ќе и текнува на вас.

Убав и соодветен избор за вашиот партнер може да биде пенкало или сет од пенкала, со кои ќе му покажете дека сте вложиле напор во изборот, но истовремено сте се потрудиле и да изберете елегантен подарок. 

Фаза 3: Долги врски

Партнерите во врска “на долги патеки”, веќе се познаваат меѓусебно и ја планираат иднината. За вашата девојка, одвојте мал буџет и подарете и парче накит или пак, парфем. Тоа парче накит ќе ја потсетува вашата девојка колку времето поминато заедно ви значи, a мирисот на парфемот ќе ја потсетува на вас секогаш кога ќе го носи.                                    

                                                        

За вашиот партнер исто така може да издвоите буџет за парфем со кој ќе направите да се чувствува заводливо и шармантно. Или пак, одберете елегантна торба со која ќе направите тој да мисли на вас дури и на работното место. 

 

     

 

Фаза 4: Нововенчани

Оваа фаза веќе ја потврдува заедничката детерминираност на делење на иднината. Затоа, може слободно да се опуштите во подарувањето! Апарат за кафе или апарат за лична нега можеби не е најромантичниот подарок, меѓутоа е совршен подарок за него да му покажете дека се радувате за сите наредни заеднички утра кои доаѓаат, а за неа дека се грижите и уживате во нејзината убавина. 

Можете да изберете и фотоапарат со кој ќе му/и покажете дека сакате засекогаш да останат запаметени сите ваши среќни заеднички моменти. 

 

Се надеваме дека ќе ја препознаете фазата во која се наоѓа вашата врска и дека ова ви беше од мала помош за да го пронајдете соодветниот подарок за вашиот партнер или партнерка. Секако, ова се начелни правци во кои вашите подароци би се движеле, а вие можете да бидете комплетно инвентивни и да ги изненадите саканите со вашата креативност. Доколку сè уште не можете да се одлучите, едноставно разгледајте ја Желботеката на вашиот/та партнер/ка и изберете го соодветниот подарок за него/неа. 

Запомнете: што и да е, ако е подарено од срцe, вашиот/та сакан/а ќе ужива во подарокот! 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.