Подароци за најмладите и најслатките

Објавено на од

Бебињата се најслатките суштества, мали човечиња на кои не можете да им одолеете. И нормално, сакате да ги опсипете со љубов, прегратки и внимание. Бирањето на подарок, може да не ви претставува проблем, бидејќи, примачот на подарок и нема да може нешто посебно да е побуни, нели? :) Меѓутоа, некогаш едноставно сакате да ја изразите целата љубов и креативност и да го одберете идеалниот подарок за таа совршена креација од бебе!

Маичките со интересни написи се секогаш полн погодок! Ако не може да најдете, лесно може и сами да ги испечатите. Ако сте горда тетка на бебето, подарете му маичка со натпис “Ако мислите дека сум слатко, треба да ја видете тетка ми”:) Или направете шега со таткото и испечатете “Ако не одговара, тоа е зошто тато ме облече” :)

Дали има нешто понеодоливо од малечки слатки патичиња? И се уште да не проодило, може да биде шик и модерно :)

Детските играчки, кои покрај за забава, се и едукативни, се благослов и за бебето и родителите. Не само што тоа слатко суштество ќе почне да учи, туку и ќе се забавува дури го прави тоа.

Шарениот трицикал е уште еден подарок кој ќе го израдува бебето, а и родителите што по цел ден возење, на крајот од денот, изморено, полесно ќе заспие ;)

Оваа цуцла-топломер е спас за многу новопечени родители. Наједноставниот и најлесниот начин за проверка на температурата на малечкото бебенце. А, нема ништо поскапоцено од здравјето на новиот член на семејството!

Започнете ја долгогодишната друштва со вашиот нов познаник на “добра нога” :) Опсипете го со подароци и љубов, а за неколку години и тоа ќе ви враќа! =)

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.