Подарете за Младенци за среќен и хармоничен брак

Објавено на од

Празникот Младенци го слави започнувањето на нов живот со личноста која сте ја избрале за свој животен сопатник. На овој ден најчесто се собираат најблиските за да прослават заедно со младенците за нивната среќа и да им посакаат живот исполнет со хармонија, љубов и заедништво. Можеби тоа ќе е во домашна атмосфера или пак во ресторан. Се носат подароци кои ќе им помогнат на младите околку домаќинството или околу уредувањето на домот. Како добри идеи за подароци може да бидат работи за декорирање на домот, додатоци за во кујна, вино и секако некој убав букет.

Следните идеи можат да Ви помогнат при изборот на подарок за да го одбележите овој празник заедно со младенците.

Необична рамка за слика за да се овековечат најубавите моменти од животот. Овие креативни рамки за слики ќе се уклопат во секој дом и ќе служат како потсетник за значајните моменти кои младите ги поминале заедно. Оваа рамка е се, само не обична. Поделена е на 9 квадрати и секој од нив може да послужи како рамка за посебна фотографија, или како дел од една голема фотографија.

необична рамка за слика

Рамка за слика која ви овозможува да поставите повеќе фотографии и да ги менувате кога ќе посакате.

Рамка за слика- менување на слики

рамка за слика- менување на слики

Овие мали апарати за во кујна  се од голема помош при припремање на домашните оброци. Соковник за правење природни и здрави напитоци, мини-миксер или необични лажици за салата кои ги има во повеќе бои.

Vivax Home соковник Мини миксер Hyundai Lollo-Rosso лажици за салата

 

Исто така и овој фонду сет е добар подарок за да се направат позабавни собиранките со пријателите и најблиските во удобноста на сопствениот дом.

Домањен фонду сет за јадење

 

Цвеќето секогаш може да израдува и да придонесе за подобро расположение, а во исто време ќе Ви го разубави домот. Тоа е секогаш најсигурен подарок кога не знаете што треба да изберете.  Убав цветен аранжман или пак букет секогаш изнудуваат прекрасна насмевка на оние кои Ви значат .

Цветен аранжман- Тој никогаш не заборава Букет Чувтво

 

Подароците секогаш пренесуваат некоја порака, па затоа изберете подарок кој ќе биде интересен и креативен, но истовремено и да биде корисен. Но што и да подарите, најважно е тоа да го направите со љубов и искрени желби за успешен и среќен брак на младенците.

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.