Подарете вкусно кафе и трач муабет:)

Објавено на од

На пауза од работа, за време на вашиот шопинг со пријателите, по завршувањето на часовите или предавањата или пак после добар ручек, се што ви треба е да се напиете едно добро кафе. Она што е уште поинтересно е дека не секој има ист вкус и исто задоволство од кафето. Па така , среќаваме луѓе кои што кафето го користат како утрински будилник и го пијат за да се расонат, други со цел да ја зголемат концентрацијата и третите и според мене најинтересната категорија се оние кои што го пијат кафето од задоволство, таканаречените кафеманијаци. За нив пиењето кафе претставува вистински ритуал и уживање и тие можеби се и најдобрите критичари кои што можат да направат разлика помеѓу добро и лошо кафе или вкусно и невкусно кафе. Без разлика на која група вие припаѓате, сигурно е дека понекогаш секој сака да испроба некој нов и оригинален вкус на кафе. Ако го сакате вкусот на бејлисот, тогаш дефинитивно морате да го испробате Ирското Бејлис-Крем кафе кое што се подготвува за многу кратко време, а за кое потребни ви се само неколку состојки.

Потребни состојки за Бејлис-Крем кафе:

* тазе сварено топло кафе (инстант или пак филтер кафе)                    

* 50-60 мл Бејлис ( оригиналниот вкус, вкус на карамела или на минт)

* 2 лажици чоколаден сируп

* шлаг

* рендано чоколадо

Подготовката започнете ја во шолја или пак некоја голема стаклена чаша за кафе. Прво ставете го бејлисот и 2те лажици чоколаден сируп и добро промешајте. Потоа во истата шолја/чаша додате го топлото кафе. Промешајте повторно. Одозгора декорирајте го со шлаг и малку рендано чоколадо и уживајте во вкусот на вистинското Ирско кафе.

Доколку ова кафе го подготвувате за вашите пријатели, тогаш неопходни ќе ви бидат и деталите за да го почувствувате вистинскиот вкус на кафето и да имате поголемо задоволство и уживање. Затоа, не заборавајте кафето да го приложите во убави и интересни шолји или пак чаши за кафе, декорирани со некои слатки задоволства како чоколадните бомбончиња или пак плазма бисквитите. Ефектот може да биде само позитивен- најдоброто кафе и најопасниот трач муабет со вашите пријатели засекогаш ќе остане во сеќавање.

Пријатно уживање во вкусното кафе!!!

[caption id="attachment_1510" align="alignleft" width="150" caption="Vicko"][/caption]

[caption id="attachment_1511" align="alignright" width="150" caption="Vicko"][/caption]

[caption id="attachment_1514" align="aligncenter" width="150" caption="Leonidas"][/caption]

И за крај, во кое кафе вие уживате и дали се пронаоѓате во групата на кафеманијаците???

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.