Подарете си добра подготовка за вашето патување

Објавено на од

Без разлика дали се работи за годишен одмор, екскурзија, викенд или пак некој откачен euro-trip, најбитно е секогаш да бидете сигурни дека сите најпотребни работи ќе бидат покрај вас. Затоа, за да нема повеќе главоболки дека сте заборавиле нешто, секогаш при вашето патување имајте го на ум овој мал потсетник.

Годишен одмор- Ова е моментот кој го очекувате цела година. Затоа треба да се погрижите барем оваа недела или две целосно да се препуштите на уживањето и да бидете сигурни дека буквално ништо нема да ви недостига. За вашиот годишен одмор никако не заборавајте со себе да понесете наочари за сонце, некоја добра книга за читање, карти за играње, а доколку задолжително морате да ја “понесете” и работата со вас, тогаш не го заборавајте земете го и вашиот лап топ.

[caption id="attachment_1594" align="alignleft" width="150" caption="Култура"][/caption]

[caption id="attachment_1598" align="alignright" width="150" caption="Адванс Медија"][/caption]

 

 

 

 

 

 

 

Екскурзија- Иако со сигурност ќе бидете понесени од големата еуфорија и возбуда поради вашата матурска или апсолвентска екскурзија, сепак бидете сигурни дека нема да ги заборавите најбитните работи што и те како ќе ви се најдат при патувањето. Доколку патувате подолго време со автобус, тогаш задолжително земете си перниче за спиење и некое ќебенце, но исто така не го заборавајте и вашето mp4, термосот за кафе и ташничка за вашите пасоши и документи.

[caption id="attachment_1602" align="alignleft" width="150" caption="Bottega verde"][/caption]

 

 

[caption id="attachment_1605" align="alignright" width="150" caption="Promo concept"][/caption]

 

 

 

 

 

 

 

[caption id="attachment_1608" align="aligncenter" width="150" caption="Promo concept"][/caption]

 

Викенд- Доколку одите на викенд, не треба да се преотоварувате со многу работи, но она што никако не смеете да го заборавите е скарата, месото и добриот пијалок. Можете да земете и некои друштвени игри како карти, монопол или пак ризик. И верувам дека на секој од вас барем по еднаш му се случило да ја заборави пастата и четката за заби. Затоа овој пат ставете ги први на списокот:)

[caption id="attachment_1612" align="aligncenter" width="150" caption="L'adoro Gifts & Magic"][/caption]

Euro-trip – Е за вакво доживување и вакво искуство ви требаат работи кои навистина можат да ви се најдат при патувањето. Доколку се одлучите дека нема да трошите пари на хотели, тогаш обезбедете си шатор и целосна опрема која ќе ви биде потребна. Ако сепак сакате да преспиете во некое хотелче или мотелче, подрудете се да направите онлајн резервација за да не дојдете до ситуација во последен момент да барате место за преспивање.

Без што вие не можете да го замислите вашиот одмор, викенд, euro-trip или пак вашата екскурзија???

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.