Подарете романтична вечера, заводлив пијалок и страсна музика

Објавено на од

Најдобриот начин како да ја освежите вашата врска е да приредите едновечерно обострано уживање. Тоа можете да го постигнете со неколку мали но мошне интересни трикчиња. За почеток, размислете каде би сакале да ја приредите вашата романтична вечера. Дали ќе сакате да го изненадите вашиот партнер на врата и со себе да ги понесете сите работи што ќе ви бидат потребни, или пак ќе се потрудите вие да бидете целосни ''домаќини'' на вашата романтична вечера. За што и да се одлучите, сигурни сме дека нема да погрешите доколку за вашето изненадување искористите дел од нашите предлози.

 

Пред се, погрижете се дека ќе бидете сами во домот. Така ќе придонесете за поопуштена атмосфера кај вас и кај вашиот партнер и ќе можете да ја доведете вашата вечер до перфекција.

За вашата романтична вечера предлагаме вие сами да ја подготвите храната, бидејќи така партнерот ќе може да забележи дека навистина сте вложиле многу труд и напор за имплементација на идејата. Затоа доколку не сте многу вешти во подготвувањето на некој романтичен рецепт, тогаш би ви предложиле да купите веќе подготвена замрзната храна која ќе треба само да ја испечете. Такви се на пример готовите пици, лиснатите теста или пак едноставно можете да одберете тестенини.

 

Понатаму, она за што треба да се погрижите е пијалокот. Најсоодветен пијалок за една успешна романтична вечера е црвеното вино. Па сигурно дека не е туку така измислена поговорката “Во виното е вистината”.Изборот на виното направете го според вашиот вкус, но се разбира дека треба да ги имате во предвид и преференциите на вашиот партнер. Никако немојте да го заборавите и садот за ладење на виното како и соодветен отварач. Погрижете се исто така и за чашите во кои планирате да го послужите.

[caption id="attachment_1552" align="alignleft" width="69" caption="Вин Арт"][/caption]

[caption id="attachment_1557" align="alignright" width="150" caption="Vetra Home Design"][/caption]

 

 

 

 

 

 

[caption id="attachment_1560" align="aligncenter" width="150" caption="Vetra Home Design"][/caption]

 

На крајот, погрижете се за добрата музика. Таа секогаш моше да ја доведе атмосферата до кулминација, а вие и вашиот партнер ќе се чувствувате како да сте на седмо небо. Изберете тивка и романтична музика која ќе ве прати во текот на целата вечер како на пример Berry White, Diana Krall, Shade, Enigma...

И немојте да заборавите дека ова е моментот кога ќе можете да кажете скоро се што ви лежи на душата. Се разбира, задржете се само на позитивните работи во врската и навратете се само на убавите спомени од минатото, и никако не ги споменувајте оние лошите работи.

 

Дали вие би советувале уште нешто што може да се вклучи во подготовката за ваква романтична вечер?

 

 

 

 

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.