Парфеми - магија на заведувањето

Објавено на од

Векови наназад, парфемот е неизбежен дел од културата на луѓето. Создадени од природни состојки како есенцијални масла од растенија, синтетички состојки и одмерена количина на алкохол, целта на парфемите е зголемување на впечатокот на луѓето кои го користат, а воедно претставува и синоним на заведувањето.

Во зависност од јачината на концентратот, парфемот се модифицира и во тоалетна и колонска вода, а помал процент од концентратот е застапен и кај парфимираните млека за тела, сапуни, купки, шампони. Бидете и вие дел од магијата на заведувањето, селектирајте ја вашата група на парфеми и ставете го омилениот парфем во вашата желботека.

Цветните парфеми се одличен избор за топлото време и најчесто се користат преку ден и за време на сончевите викенди. За да ја истакнете својата нежност, романтичност и женственост изберете некои од цветните парфеми како Ангели и демони od Givenchy или пак Bijoux Nuit од Bottega Verde.

[caption id="attachment_2315" align="alignleft" width="150" caption="My Shop"][/caption]

[caption id="attachment_2295" align="alignright" width="150" caption="Bottega Verde"][/caption]

 

 

 

 

 

 

Ориенталните парфеми се препознатливи по истакнатите егзотични елементи како егзотични цвеќиња, ванила, мошус. Најчесто ориенталните парфеми се одбираат за вечерно излегување и се карактеристични за поладните годишни времиња како есен и зима.Изберете го 212 Sexy men Carolina Herrera за него или пак Flower by Kenzo Oriental за неа.

[caption id="attachment_2296" align="alignleft" width="150" caption="Ми треба"][/caption]

[caption id="attachment_2297" align="alignright" width="150" caption="My shop"][/caption]

 

 

 

 

 

 

Освежителните парфеми најчесто се поделени во две подгрупи. Едната линија им припаѓа на овошните парфеми кои се базирани на цитрон, лимон, портокал, праска, а во другата линија најзастапена е лилијата и амберот. И двете линии инспирираат самодоверба и најчесто се користат исто како и цветните преку топлите денови, односно најтипични се за лето. Одберете ги Black XS од Paco Rabanne или пак The beat Burberry.

[caption id="attachment_2298" align="alignleft" width="150" caption="My shop"][/caption]

[caption id="attachment_2299" align="alignright" width="150" caption="My shop"][/caption]

 

 

 

 

 

 

Класични(woody) парфеми- Во оваа група припаѓаат најнесекојдневните и најпривлечните парфеми.Мирисот на сандал дрвото, ги прави овој тип на парфеми доста класични и елегантни, па затоа тие се најтипични за вечерните излегувања.Наш предлог се DKNY Women Fragrance и Gentleman од Givenchy.

[caption id="attachment_2300" align="alignleft" width="150" caption="My shop"][/caption]

[caption id="attachment_2301" align="alignright" width="150" caption="My shop"][/caption]


 

 

 

 

 

Кој е вашиот омилен парфем за заведување?

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.