Осми март-меѓународен ден на жената

Објавено на од

Се повеќе се наближува Меѓународниот ден на жената кој секоја година се празнува на 8ми март. Тој е многу повеќе од ден во кој треба да се изненади понежната половина со подарок или вечера. Овој ден представува симбол на борбата на жените на економска, политичка и социјална рамноправност во време на големи турбуленции во едно индустриско општевство во кое значително се зголемува присутноста на радикални идеологии меѓу народот.

Почетоците на овој празник датираат од 1908 година. Во тоа време, моменталната перцепција на општевството врз жената се карактеризира со опресија и полова нееднаквост. Сето ова ги потикнува жените да го искажат своето мислење и да потикнат кампања за промена на нивниот статус. Па така, 15.000 жени излегуваат на протестен марш на улиците на Њујорк со барања за помали работни часови, поголеми плати и право на гласање.

               

На барање на Социјалистичката партија на Америка, на 28ми февруари 1909 година во САД е одбележан првиот Национален ден на жената. Во 1910, под закрила на втората Интернационална конференција на жената во Копенхаген, Клара Зеткин ја предложува идејата овој ден да се празнува низ целиот свет, со цел продолжување на борбата за женските права. Австрија, Данска, Германија и Швајцарија се првите земји кои го празнуваат овој празник на 19ти март. За помалку од една недела околу од 140 жени, повеќето од нив италијански и еврејски емигранти, го губат својот живот во трагичен пожар во фабрика во Менхетен, Њујорк. Овој немил настан е причина за разгледување на работните услови во Америка кој уште повеќе ја потикува борбата за правата на жената. 8ми март станува официјалниот ден на жената во 1913 година, и до денешно време овој празник се празнува на истиот датум. Правото за образование, здравство, безбедност и еднаквост се права за кои жените сеуште се борат во одредени делови од светот.

Доколку немате никаков план за овој 8ми март, наша препорака е да го погледнете документарниот филм Girl Rising. Документарецот ги следи приказните на 9 девојки од Сиера Леоне, Хаити, Етиопија, Авганистан, Перу, Египет, Непал, Индија и Камбоџа. Наместо да одите на вечера, можете да си направите мало филмско искуство во вашиот дом заедно своите пријатели.

Ако сте поголем фан на книгите, биографијата на Malala Yousafzai, I Am Malala: The Girl Who Stood Up for Education and Was Shot by the Taliban е совршена за овој ден. Покрај тоа што Вие ке уживате во неа, можете да ја искористите како подарок за некоја Ваша блиска личност.

Без разлика како ќе одберете да го празнувате овој ден, Ви посакуваме да уживате во него.


 

 

                                                  

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.