Одмор на Крф - бисерот на Јонското Море

Објавено на од

Оваа недела ја посветуваме за сите љубопитни срца расположени за добар летен одмор и за оние кои преферираат да се оддалечат од копното и да посетат некој остров. Затоа денес, ќе направиме барем за миг да ве оттргнеме од секојдневните мисли и да ве одведеме на патување низ островот Крф - бисерот на Јонското Море. Овој остров, уште наречен и Керкира, е една од најпопуларните дестинации во Грција, и секоја година примамува неколку илјадници туристи. Излегува на Јонското море, но истовремено го претставува почетокот на Јадранското Море. Островот е втор по големина, после Кефалонија.

Покрај картата на островот, која секогаш мора да ја имате при себе, многу е битно да ги знаете и месечните просечни температури на водата, за да се одлучите во кој период сакате да отидете. Најтопло е во Август, кога температурата на водата во просек е 27 степени, Јули 25 степени, Септември 24 степени, Јуни 23 степени и во мај и октомври се некаде околу 21-22 степени.

Важно!!! На островот нема нудистичка плажа и нудистите НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ!!! :)

Да започнеме со истражувањето на плажите. На крф има плажи кои ќе ве остават без здив. Во просек, плажите се поделени на 3 типа: тивки плажи понастрана од гужвата, песочни плажи карактеристични со златниот песок и идилични плажи со кристално бистра вода на кои сигурно нема да им одолеете. Доколку се одлучите за тивките плажи, тогаш посетете ги плажите Ермонес, Авлаки, Агнос, Керасиа, Агиос Спиридон.

[caption id="attachment_3565" align="alignleft" width="260" caption="Плажа Авлаки"][/caption]

 

Кога сме кај песочните плажи, тука можеме да ги посочиме Сидари, Глифада, Агиос Горгиос (северна и јужна), Акарави, Агиос Стефанос, Каликоунас.

Некои од плажите кои што навистина мора да се посетат и се вбројани во идилични плажи се Палеокастрица, Агни Беј, Нисаки и Каминаки. Она што никако не смеете да го пропуштите е токму Палеокастрица, плажата која што е атрактивна поради излезот на двете мориња: Јонското и Јадранското Море. Навистина не се опишува ниту пак може да се замисли погледот што се нуди. Едноставно, мора да се посети!

 

[caption id="attachment_3571" align="alignleft" width="218" caption="Поглед кон Јонско и Јадранско море - Палеокастрица"][/caption]

[caption id="attachment_3568" align="alignright" width="260" caption="Песочна плажа - Сидари"][/caption]

 

 

 

 

 

 

 

 

На крај, никако немојте да заборавите да го посетите градот Крф. Во градот посетете ја тврдината и тесните улички и почувствувајте го духот на историјата.

[caption id="attachment_3573" align="aligncenter" width="550" caption="Градот Крф"][/caption]

Како вие го доживеавте островот? Кое според вас е местото кое што ве остави без здив и ве натера да го посетите островот, или ако веќе сте го посетиле тогаш повторно да се вратите?

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.