Одбери си ги желбите за остварување

Објавено на од

Како би сакале да ги добиете посакуваните подароци за вашата мала или поголема прослава? Сигурно сте начекале барем еден филм каде што невестата оди во продавница и со посебна направа си ги обележува производите кои и требаат и кои би сакала да ги добие за својата свадба? А подоцна, тие маркирани производи, ставени на нејзината Листа на желби, се нејзините идни подароци. Гостите доаѓаат во посочената продавница, со друга направа ги проверуваат обележаните производи, гледаат дали претходно некој им ги обезбедил како подарок, одбираат и исполнуваат една од желбите на младиот брачен пар. Ова е практика за секој повод и прослава!

Е сега, замислете да можете многу лесно и едноставно и вие да си ги “oбележите” желбите! Епа не треба да замислувате, бидејќи можете и да го изведите, многу лесно, практично од фотелјата во вашиот удобен дом. Отворете си Желботека на страницата на www.tc.mk, разгледајте ја понудата и додадете ги посакуваните производи во вашата Желботека со едноставен клик!

Целокупната Листа на вашите желби може да си ја проверувате, да бришете производи, да одредувате количина и приоритет, бидејќи, нели, некои подароци ги преферирате повеќе од другите :) Известувањето на вашите пријатели се прави преку најмоќната социјална мрежа, Facebook. Само треба да ги поканете да си направат своја или барем да ја споделите со нив. Колку повеќе си направат, толку повеќе и вас ке ви се скратат маките за купување подарок за нивната следна прослава ;)

Желботека исто така не дозволува вашите пријатели да го заборават вашиот роденден или, не дај боже, да не ви купат подарок. Истата таа Листа на желби стигнува на нивните маилови 3 дена пред наведениот датум на прослава, како и вашиот роденден!

И, не се грижите поради дуплирање на подароци. Секој купен подарок директно од вашата Желботека, обележува купена количина, одвраќајќи ги останатите да го повторат.

Искористете ја можншста за добивање на секогаш вистинските подароци, лесно е и бесплатно и уживајте во исполнувањето на своите желби!

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.