18 неверојатни дизајни на женски штикли

Објавено на од

Израелскиот дизајнер на чевли Коби Леви комбинира функционалност и удобност со чудесни и уметнички дизајни. Високо-талентираниот дизајнер има уникатна дарба за дизајнирање уметнички и смешни, а сепак елегантни високи потпетици кои секоја жена гордо би ги носела.

Копирајќи различни предмети, животни и птици, овие чевли се рачно изработени од високо-квалитетни материјали. “Тие се живи и со/без стапалото/телото. Поголемиот дел од инспирацијата доаѓа од светот на чевлите и претставува една екстремна трансформација на чевларската индустрија. Крајниот резултат е обично хумористичен и доведува до сосема ново ниво на поглед кон носењето чевли,” напишал Леви за својата работа.

Ограничената линија на чевли се произведува во студиото на Леви во Тел Авив, а цените започнуваат од $800 па се до $3,000 од пар. Уникатниот стил на Леви е препознат и од повеќе славни личности како Lady Gaga која ги носи чевлите со дупло стапало во нејзиниот видео спот за песната “Born this Way”.

Во продолжение разгледајте ја колекцијата од најинтересни чевли со високи потпетици.  

Молив и нотес

Ајкула

Лизгалка

Кафе

Фламинго

Орка

Дупло стапало

Гума за жвакање

Кошничка за супермаркет

Излупени банани

Кучиња

Девојки

Кучиња 

Патки

Чатали

Петли

Виолини

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.