Најубавите плажи во светот

Објавено на од

За некои патници, совршената дестинација кога се во прашање плажите е плажа со бел песок и тиркизно сина вода. За други, пријатна семејно-пријателска атмосфера е тоа што ја дефинира совршената плажа. Некои луѓе сакаат прометни места, додека останатите сакаат да се одморат на некоја пуста плажа далеку од очите на останатите. За воља на вистината, не постои една плажа којашто ќе ги задоволи потребите на сите. Сепак, рангирањето на најдобрите плажи во светот се врши според: амбиентот, пристапноста, достапноста, цената и одобрувањето од страна на експертите и патниците. Пред да се спакувате и тргнете кон дестинацијата, погледнете ја листата на најубавите плажи во светот:

 

1. Seychelles

Една од најфотографираните плажи во светот со бледо розев песок се простира на брегот на островот Ла Динг, кој е еден од 115 компоненти на архипелагот Seychelles во Индискиот Океан. Прекрасниот песок блеска врз позадината од блокови од гранитни карпи, избледени од изминатото време и временските услови. Тиркизната вода е релативно плитка и заштитена од брановите од океанот со гребен.

 

2. Maldives 

 

 

Без разлика дали вашата плажа од соништата се состои од трошење на неколку разгалени, скапи ноќи во хотел - одмаралиште со четири ѕвездички  или пак нуркање со тропски риби 20 метри под вода, Малдивите се острови каде што може да ви се исполнат сите желби. Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси.

Мекиот воздух кој го обвива архипелагот се претопува во ретка магла која му дава посебна убавина на местото и одлични пејсажи кои го одземаат здивот на сите туристи.

 

 3.  Bora Bora, Tahiti

 

Ова е еден од магичните острови што ја сочинуваат Француската Полинезија во Јужниот Пацифик. Само 29 километри долго, ова мало парче земја лежи во заштитена лагуна опколена со бели песочни брегови. Бора Бора може да се пофали со надимакот Романтичен остров, прекар кој лесно го добил благодарејќи на своите изолирани плажи, интимни хотели и мирна атмосфера. 

 

4. The Hamptons, New York

 

Хемптон лесно може да се пофали со една од најубавите плажи на Лонг Ајленд. Недопрениот брег почнува околу Southampton и се простира источно се до крајот на островот Монтаук. Плажите нудат различни видови на забава како сурфање и нуркање. Исто така, таму се одржува натпреварот за песочни скулптури за кој доаѓаат туристи од целиот свет за да учествуваат или присуствуваат. 

 

5.  Lanikai Beach, Hawaii

Половина милја од светкав песок, палми кои се нишаат над бела плажа, бујни тропски растенија и бескрајно сонце се оние работи кои ја прават оваа плажа една од најпознатите филмски Хавајски плажи. Брегот е заштитен од блискиот корален гребен, кој ги одржува брановите релативно мирни. Водата е секогаш тиркизно зелена и е совршена за да се најде на разгледница. 

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.