Најпосакувани божиќни дестинации

Објавено на од

Лапланд, Финска

Рованиеми за Финците претставува божиќен штаб. Децата прават колачиња со Баба Мразица, одат во "Елф" училиштето и пишуваат желби со традиционално перо.

 

Валкенбург, Холандија

Пештерата во Валкенбург се претвора во божикниот пазар и резиденцијата на Дедо Мраз, каде што посетителите може да ги видат неговите ирваси, санки и соба со подароци.

 

Валета, Малта

Центарот на Валета е исполнет во божиќен дух. Посетителите можат да го забележат пеењето пред катедралата св. Џон и светкавиот приказ на божиќните светла на улица Република.

 

Бат, Англија

Во Бат се одржува 18 дневен Божиќен празар на кој има повеќе од 170 дрвени бунгалови на кои се продаваат рачно изработени производи со божиќни мотиви.

 

Њујорк

Лизгалиштето во Рокфелер центарот постои веќе 77 години.  Божиќната елка е 80 годишна традиција и се смета за симбол на празникот.

 

Нирнберг, Германија

 На божиќниот пазар во Нирнберг се продаваат исклучиво традиционално рачно изработени играчки и божиќни производи.

 

Стразбур, Франција

Новогодишна програма во Стразбур е преполна со концерти и посебни селекции на културни настани.

 

Рејкјавик, Исланд

Редови на мали, убави колиби го сочинуваат божиќниот пазар во Рејкјавик, каде што посетителите можат да одберат божиќни подароци, украси и закуски.

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.