Природни "засолништа" од летните жештини во Македонија

Објавено на од

Летото во Македонија неодамна официјално започна, а со него и силните жештини и опасности од сончевото зрачење. Голем дел од луѓето веќе го планираат или пак се пакуваат за долго очекуваниот летен одмор, но што до тогаш? Како планирате да ја избегнете жештината? Еве неколку предлози каде може да ги поминете топлите викенди.

Македонија, иако слабо истражена од своите жители, нуди повеќе места за одмор и релаксација. Од градски плажи, па се до планински одморалишта и прекрасни природни убавини, нашата земја привлекува голем број на туристи кои сакаат да уживаат во спокојството и глетките , па време е и ние самите да се запознаеме со скриените убавини. Разгледајте ги следните предлози за тоа каде може да ги одморите умот и телото, а притоа да ги избегнете пеколните жештини.

1. Плажи во Македонија

Песочни и камени, скромни и лесно пристапни, плажите во Македонија не се воопшто за потценување. Со текот на годините плажите во Македонија се повеќе стануваат соодветно место за сончање, капење и спортување, па така погледнете ги најубавите плажи кои ви нудат комплетно уживање.

  • Охрид – Градиште

    Охрид, сам по себе, е бисерот македонски и најатрактивна дестинација во летниот период. Туристите имаат голем избор на плажи кои може да ги посетат, но во Охрид дефинитивно најпозната и најпосетена е плажата Градиште. Оваа плажа, покрај денските активности, нуди голем број на DJ-и и неверојатни ноќни забави.

  • Трпејца

    Селото Tрпејца е сместено во подножјето на планината Галичица и е место совршено за бегство од реалноста. Плажата во ова село е скромна и убава, посетена од мал број на луѓе, па затоа е совршена за вистински одмор од динамичниот живот.


  • Дојран – Alex beach


    Со надоаѓањето на водата во Дојранското Езеро се зголемува и бројот на туристи во овој прекрасен град. Една од плажите кои нуди вистинско задоволство е плажата Alex beach, приватна плажа која се наоѓа на патот помеѓу Нов Дојран и Стар Дојран.



  • Струга – Версус

    Доколку барате плажа обколена со големи површини зеленило и природа, тогаш плажата Версус е вистинскиот избор за вас. Покрај прекрасните зелени глетки, оваа плажа ви нуди голем избор на кафулиња, спортови на вода итн.


2. Водопади во Македонија

За оние кои не се големи љубители на сончањето и капењето, еве и друг начин како може да се разладите, а притоа да уживате во неверојатните природни глетки. На кратко ќе ги спомнеме водопадите во Македонија кои вредат да се посетат повеќе од еднаш!


  • Габровски водопади - се наоѓаат над селото Габрово, Струмица во непосредна близина на Колешинскиот и на Смоларскиот водопад на планината Беласица.
  • Дуфски водопади - Водопадот Дуф се наоѓа во близината на селото Ростуше и спаѓа во рамките на Националниот парк Маврово, оддалечен од Скопје околу 125 км.
  • Колешински водопади - сместени во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба.
  • Корапски водопади - во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб.
  • Смоларски водопади - сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, во регионот на селото Смолари.

3. Национални паркови во Македонија

Ако сте во потрага по бегство од дигиталниот свет и одморање на умот и телото во една сосема различна средина, тогаш наш предлог е да посетите некој од многуте планински предели кои воодушевуваат со неверојатната природа, а ладниот и чист воздух ќе ве спаси од топлото време.

Маврово - лоцирано на падините на еден од најголемите национални паркови во Македонија - Националниот Парк - Маврово, на јужниот брег на Мавровското Eзеро. Иако почесто посетено за време на зимскиот период, ова место изобилува со опојни природни глетки и спокојство.


Пелистер – се наоѓа на Баба Планина и е рај за планинарите и оние кои сакаат да побегнат од динамичното темпо на секојдневниот живот. Пелистер е воедно прогласен за национален парк во 1948 година  и е богат со планинарски домови и одморалишта каде што туристите може да се сместат.


Галичица – висока планина во Македонија, позната по особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели. Оваа планина зафаќа една интересна местоположба помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и во одреден дел од планината овозможува поглед на двете езера одеднаш.


comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.