Кога кафето претставува утрински ритуал

Објавено на од

За сите што навистина го обожаваат капучиното и за нив претставува утрински ритуал еве некои интересни информации околу потеклото на зборот. Популарната приказна за името “капучино” е следнава: потекнува од италијанскиот збор “cappuccio” кој во превод значи монашка наметка (качулка). Избрано е токму тоа име поради тоа што се увидело дека боите на кафето и боите на наметката се исти. Подоцна поради истото поистоветување на боите ова име е дадено и на едно мајмунче кое до ден денес го носи името Капучино.

 

Во Италија капучиното генерално се конзумира на почетокот на денот, како дел од појадокот со типичен италијански кроасан познат како Cornetto. Затоа, без многу размислување, изберете ја вашата омилена варијанта на капучиното, засукајте ги ракавите и подгответе го по ваш вкус, а потоа поканете ги вашите пријатели да ви се придружат. Наздравје!

Капучино

потребни состојки:

  • 1 шолја сварено црно кафе (еспресо)
  • по 1 шолјичка млеко и слатка павлака
  • малку рендано чоколадо или какао во прав
  • подготовка: Во шолја претурете го топлото црно кафе, по него додате ја смесата од измешаното млеко и павлака и на крај украсете го со чоколадо или какао.

[caption id="attachment_3487" align="aligncenter" width="150" caption="Порцеланска шолја од Vicko ^ Кликни за повеќе"][/caption]

Ладно капучино

потребни состојки:

  • 1 шолја сварено црно кафе (еспресо)
  • 60мл шеќерен сируп
  • 250 мл млеко
  • подготовка: Шеќерниот сируп може да го добиете така што ќе помешате исто количество на вода и шеќер и ќе го готвите се додека смесата не стане густа и компактна. Додадете го сирупот во црното кафе, измешајте го и чувајте го во фрижидер се до неговото конзумирање. Пред да го вкусите, извадете го од фрижидер и додадете го млекото. Доставете и мраз!

[caption id="attachment_3488" align="aligncenter" width="186" caption="Сет од чаши за кафе - птички од L'adoro Gifts and Magic ^ Кликни за повеќе"][/caption]

 

Мокачино

потребни состојки:

  • 250мл млеко
  • 1-2 лажички инстант кафе
  • 50 грама чоколадо
  • шлаг по желба
  • подготовка: Ставете го млекото да проврие и во исто време додадете го чоколадото да се стопи. Друг начин е чоколадото да го растопите посебно и да го додадете во топлото млеко. Во веќе измешаната смеса додајте го и инстант кафето и ставете шлаг по желба.

[caption id="" align="aligncenter" width="280" caption="Сет за кафе со додатоци - Promo Concept ^ Кликни за повеќе"][/caption]

 

За уште поголемо задоволство при пиењето, направете вистински избор на шолји во кои ќе го послужите кафето на пријателите. А доколку сте голем кафе-манијак, никако не заборавајте шолјите за кафе да ги ставите во вашата желботека.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.