КНИГА- Евергрин подарок за секоја пригода

Објавено на од

Сигурна сум дека секој од вас го знае значењето на убавиот збор и на добрата мисла. Тоа е нешто што може да разгори неверојатни чувства на среќа, љубов и радост, или пак да донесе солзи радосници. Едно такво мало духовно кутивче може да понуди многу магични, чувствителни или пак трогателни моменти. Во него можат да бидат испреплетени приказни, секоја со поинаков крај и со свои измислени или реални ликови и дејствија. А сите овие чувства собрани на куп ќе придонесат да подарите спомен и долго сеќавање. Некои од нив ќе се појават и кај вашиот пријател или партнер на кој планирате да му подарите навистина добра книга. На вас останува само да го направите вистинскиот избор, а за тоа сме ние тука да ви помогнеме.

“ Да најдеш некого кој сакаш и од кого ќе бидеш сакан е прекрасно чувство. Но да ја најдеш твојата вистинска сродна душа, е уште потешко. Сродната душа е некој што те разбира како никој друг, те сака како никој друг, ќе биде секогаш покрај тебе што и да се случи.Но, ништо не е вечно, ама сепак јас верувам во љубовта и кога таа повеќе нема да биде присутна.”- Сесилија Ахерн. Ова е дел од содржината на книгата П.С-Те сакам од My Shop која ја препорачуваме за подарок на некој кој искрено го сакате и почитувате и верувате дека е вашата сродна душа.

[caption id="attachment_1354" align="aligncenter" width="250" caption="My Shop"][/caption]

[caption id="attachment_1344" align="alignleft" width="182" caption="Култура"][/caption]

[caption id="attachment_1346" align="alignright" width="177" caption="Култура"][/caption]

Доколку пак барате подарок за вашата мајка или пак за вашата пријателка, тогаш ви препорачуваме да изберете некоја од книгите на Култура како “Ќерката на мојата најдобра пријателка” , или пак одберете ги прекрасните “Колачиња за појадок”од Дороти Кумсон. Ова се интересни семејни приказни во кои секој од вас ќе може да ужива а воедно и да го почувствува значењето на зборот семејство.

За вашите откачени, кул и интересни пријатели можете да одберете некоја приказна што ќе ги остави без здив. Затоа, недвоумете се доколку треба да подарите на некоја личност со ваков карактер и одлучете се за една од книгите како што се “Љубов со мали букви” од Франсеск Миралјес, “Шангај Бејби” од Веј Хиј или пак “Девојката со портокали” од Јустејн Гордер, сите од My Shop.

[caption id="attachment_1366" align="alignright" width="115" caption="My Shop"][/caption]

[caption id="" align="alignright" width="116" caption="My Shop"][/caption]

[caption id="attachment_1365" align="alignright" width="116" caption="My Shop"][/caption]

А доколку пак, треба да одберете нешто за вашата најдобра пријателка, тогаш без двоумење изберете го вистинскиот хит од култура “Зависна од мода” од Ребека Кемпбел. Тогаш навистина ќе ја изненадите вашата другарка, која сигурно ќе остане без здив, а понесена од шопинг лудилото ќе ве натера и вие да направите еден шопинг.

[caption id="attachment_1372" align="aligncenter" width="178" caption="Култура"][/caption]

И за крај, доколку сакате да го замените обичниот подарок со книга, нема да згрешите ако едноставно го подарите светскиот бестселер од My Shop- “Подарок” од Спенсер Џонсон.

[caption id="attachment_1375" align="aligncenter" width="174" caption="My Shop"][/caption]

Дали и вие имате да додадете некоја книга која мислите дека би била соодветна за подарок???

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.