Како полесно да се подготвите за патување?

Објавено на од

Патувањата се многу забавни, но исто така може да бидат и многу исцрпувачки.  Ова е период на апсолвентски екскурзии кои траат по 20 дена и вклучуваат долги патувања со автобус, малку време за спиење, а многу шетање. За да си го направите патувањето полесно треба да бидете добро организирани и да ги понесете со Вас само работите кои навистина ќе Ви бидат неопходни.

  1. Направете листа со сите работи кои Ви се потребни.
  2. Направете дневни комбинации за носење и потрудете се да вклучите парчиња облека кои одговараат со повеќе работи.
  3. На едната половина на куферот ставете ги обувките, а на другата облеката.
  4. Купете си мали пакувања од козметичките средства што ќе Ви бидат потребни и наредете ги во несесер.
  5. Понесете лекови против главоболка и против повраќање.
  6. Обавезно понесете со Вас најлонски кеси за нечистата облека.

Ние Ви предлагаме и некои корисни производи со кои ке си го направите целото патување полесно и поинтересно.

Овој сет за патување ќе Ви биде од голема корист за полесно да ги „преживеете“ долгите патувања со автобус кои траат и по неколку дена, а истовремено да имате добар сон.

Сет за патување

 

Со Вас неопходно е да понесете ранец во кој ќе ставите работи кои секогаш треба да Ви бидат при рака како паричник, пасош, телефон, шише со вода како и фотоапарат кој може да го сместите во оваа торбичка за да не се оштети. Земете ранец кој ќе можете да го ставите преку рамо за полесно носење. Исто така, земете и мал чадор, бидејќи никогаш не се знае какви ќе бидат временските услови.

Ранец Торба за фотоапарат Мини чадор

 

За долгите и исцрпувачки прошетки и разгледувања низ градовите Ви ги препорачуваме овие женски и машки патики од FRODDO кои Ви гарантираат удобност и лесен чекор.

Женски патики Машки патики

Секако, мора да понесете и забава со Вас за да не Ви биде досадно на овие долги патувања. Ние Ви го препорачуваме овој Walkman видео MP3 плеер заедно со водоотпорни слушалки кои се компатибилни со сите музички плеери.

MP3 Player Водоотпорни слушалки (црни)

Исто така, сите прекрасни моменти треба да се овековечат, па ние Ви предлагаме неколку фотоапарати кои се лесни за носење и со нив ќе направите многу добри слики: Canon Ixus 125 кој го има во повеќе бои, Nikon L26 заедно со торбичка и мемориска картичка, или пак Canon PowerShot A810 со гратис мемориска картичка и опција за бесплатна испорака.

CANON IXUS 125 Nikon L26 Canon PowerShot A810 Black

 

Иако апсолвентските екскурзии знаат да бидат исцрпувачки, сепак е доживување кое се случува еднаш во животот. Тие се можност да посетите многу познати места, а истовремено да се забавувате во друштво на Вашите колеги. Затоа не дозволувајте нервозите и неорганизираноста да Ви го уништат расположението. Најважно од се е да се забавувате и да се вратите со спомени кои ќе Ви останат во сеќавање цел живот.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.