Како креативно да ги употребите старите работи

Објавено на од

Низ домот секогаш се наоѓаат работи кои веќе не ги употребуваме. Секојденвно фрламе стари или искористени работи. Но, секогаш има начини како овие стари работи може да ги пренамените за нешто друго.

Овие идеи се многу лесни и се прават од работи кои лесно може да се најдат. Се што Ви треба се некои додатоци како лепак и ножици, малку креативност и секако желба за да направите нешто ново. Истовремено многу ќе се забавувате и на крај ќе бидете горди со резултатот.

  • Стариот куфер како стол

Употребете го стариот куфер за да направите уникатен стол. За ова ќе Ви требаат и две перници на кои може да им ставите навлаки со различни дезени и шари за да го направите овој стол уште повпечатлив и секако поудобен.

Куфер Куфер како стол2

Куфер како стол

 

  • Огледала

Искористете ги старите дрвени рекети за тенис за да направите огледала кои може да ги поставите на ѕид. Употребете лепенки кои изгледаат исто како огледалата, само што можете да ги обликувате како што сакате.

Тениски рекети- огледала

 

  • Старите книги како полици

Сигурно низ домот Ви се наоѓаат стари дебели книги кои веќе никој не ги чита. Ако не сакате да ги фрлате може да ги искористите за да направите полици на кои ќе поставите некои декоративни предмети. Исто така книгите секогаш ќе Ви бидат тука ако случајно Ви притребаат повторно.

Книги како полици

 

  • Ролни од тоалетната хартија

Картонските ролни од тоалетната хартија може да се искористат на повеќе начини. Исечете ги на повеќе парчиња и направете цветови кои ќе ги користите како декорација на ѕидовите во Вашата дневна соба.

creative-diy-ideas creative-diy-ideas creative-diy-ideas

creative-diy-ideas

 

Исто така користете ги за да направите организатор за Вашите алати, кабли или ситни работи кои лесно се губат, за да може полесно да ги најдете кога ќе Ви притребаат. Може и да ги обоите ролните со спреј за да изгледаат поубаво, потоа ставете ги во кутија и напишете што каде стои.

creative-diy-repurposing

 

  • Употребена сијалица

Сијалицата која веќе не работи искористете ја да направите мала вазна за свежо цвеќе која ќе донесе ведрина во Вашиот дом. Исчистете ја убаво и направете постоље од жица. За да ја направите вазната поинтересна декорирајте ја со помош на бои за сликање или лак за нокти.

creative-diy-ideas

creative-diy-ideas

Се надеваме дека овие идеи ќе ви помогнат да ја изразите Вашата креативност и секако забавно да го поминете Вашето слободно време.

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.