Како говорот на вашето тело ќе го замени материјалниот подарок

Објавено на од

Кога ве инетересира дали помеѓу вас и некоја личност постои “хемија”, а тоа никако не можете вербално да го дознаете тогаш единствената опција што ви преостанува е вистински да го осознаете говорот на неговото тело. Ова е еден извонреден начин да подарите нешто нематеријално како подарок, а во случај партнерот да ја разбере вашата порака, тогаш верувајте дека ќе добиете многу повеќе отколку што очекувате. Затоа, проучете ги овие совети и дознајте што има на ум личноста која сакате да освоите.

Кревање на веѓите- Кога партнерот ќе забележи нешто што навистина го интересира, тој автоматски ги подига и ги спушта веѓите и го брчка челото. Ако го приметите тоа, треба да знаете дека вие навистина сте го заинтересирале, но обрнете внимание и на моментот “што подолго, тоа подобро”.

Стоење во расчекор- Момчињата често стојат во расчекор често со поистакната карлица ако сигурно му се допаѓате. Тоа е основен, биолошки нагон и многу од нив всушност не се ни свесни дека тоа навистина го прават.

Седење или стоење со положба на нозете навнатре- Ова значи дека е помалку несигурен во себе. Ако вашата симпатија стои/седи вака, тогаш бидете сигурни дека му се допаѓате, но потребно му е да се осигура дека тоа чувство е обострано за да се реши да превземе некој поконкретен чекор.

Кога се смее малку му се гледаат забите- Оваа насмевка е сигнал дека партнерот ужива во вашето друштво, но тој нема некои посебни чувства за вас. Сепак, доколку продолжи ова задоволство и понатаму шансите да се родат некакви чувства се навистина големи.

Седи врз своите раце- Ако партнерот седи на своите дланки, тоа значи дека тој се обидува да го контролира се она што го кажува. Најчесто тоа значи дека се воздржува од премногу коментари кои смета дека вас би ве разочарале.

Се чеша по стомакот- Машките кои имаат обичај да се почешаат по стомакот додека разговараат со вас спаѓаат во онаа група на вообразени мажи и на нив им е потребно почесто да слушнат убави зборови на сметка на својот изглед. Значи, во овој случај потребно е вие да ја превземете иницијативата, да доделите неколку позитивни комплименти и со сигурност ги имате во раце!

Насмеан е од уво до уво- Ако вашата симпатија постојано има воодушевен израз на лицето и во целата таа ситуација ја има најубавата насмевка, бидете сигурни дека во стомакот му летаат пепуртки и дека е “полу печен.”

И покрај сите овие совети за осознавање на говорот на телото, понекогаш се доволни само вибрациите кои меѓусебно ги чувствувате за да го превземете вистинскиот чекор во вистинско време. Затоа секогаш следете ја и вашата интуиција и храбро пристапете кон она што навистина го чувствувате.И за крај, има ли поубав подарок од вистинско изразените и споделени чувства?И што вие би примениле за невербално да привлечете некоја личност?

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.