Како до совршен подарок за свадба?

Објавено на од

Мај е месец на свадби и прослави. Сигурно веќе сте поканети на неколку свадби, а не знаете што да им подарите на младоженците. Ние ви нудиме неколку предлози кои се надеваме ќе ви помогнат при изборот на совршен подарок за свадба.

geeky-wedding-gifts

Младоженците започнуваат нов заеднички живот, па најдобра идеја е да им подарите нешто што ќе им користи за полесно да се адаптираат на новиот начин на живот. Подароците за дом се секогаш добар избор, но сепак трудете се да бидат покреативни и интересни.

Оваа вазна сигурно ќе ги изненади младоженците со нејзината уникатност. Ќе им донесе свежина во нивниот дом.

Swing Vase

Апаратите за кафе се секогаш одличен избор. Деновите ќе им започнуваат со чаша од нивното омилено кафе: макијато, еспресо, капучино итн.

mitaca illy coffee machine Mitacca Illy Cappuccino

Чиниите од Domestic се уникатни со својот дизајн. Уште подобро е што одат во пар по 2 чинии и даваат симболичен приказ на заедничкиот живот.

Spring and Autumn Wishes plates Poppy for Two plates

Здравиот начин на живот е нешто што се повеќе луѓе се трудат да го постигнат. Затоа во моментов соковниците се „во мода“, па сигурно нема да згрешите ако ги изберете за подарок.

VIVAX HOME соковник AJ-500 Соковник Hyundai JE 702S

Секако со подарокот не заборавајте да одберете некој убав цветен аранжман. Како предлог ви ги нудиме овие свежи цвеќиња:

Бел етеричен букет Букет за среќа

Со овие подароци ќе им посакате среќен и хармоничен заеднички живот на младенците. А истовремено ќе им помогнете полесно да се навикнат на новиот почеток.

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.