Како да си го подобрите начинот на живот?

Објавено на од

Добар и здрав начин на живот значи да се чуствувате добро и психички и физички. Да го користите секој момент од животот и да уживате во него. Да имате богат социјален живот со пријатели и драги личности на кои им значите многу. Сепак, сите грешиме во животот. Правиме некои избори за кои подоцна согледуваме дека не се добри. Тоа може да биде лош избор на пријател, погрешно кажани зборови кон драга личност или пак начин на исхрана кој не е добар за здравјето.

Ако сакате нешто да подобрите во животот секогаш почнете од себеси. Променете го начинот на исхрана. Почнете да јадете здрава храна. Еве неколку совети како да си го подобрите здравјето:

  • Пијте многу вода

drinking water

 

Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја одржува хидратацијата на кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Препорачливо е да се пијат 6- 8 чаши на ден, посебно во овие топли денови. За да не купувате вода од продавница секој ден, добро е водата дома да ја прочистувате. Ние ви го предлагаме овој бокал за вода кој има вграден филтер.

water dispenser

  • Консумирајте здрава храна

Јадете повеќе пати во денот, но во помали количини. Во исхраната вклучете сезонско овошје и зеленчук кое содржи многу корисни витамини. Природно цедените сокови се многу вкусни, а можете да ги правите и дома со соковник. Како вкусен додаток на оброците направете сосови со вашите омилени видови зеленчук или овошје со помош на процесор за храна.

healthy meal healthy dessert

  • Бидете активни

Луѓето кои не се движат доволно и не се активни полесно паѓаат во депресија и чувствуваат замор. Почнете уште денес. Наместо со лифт, качувајте се по скали, пешачете до работното место или возете велосипед. Направете лесни вежби дома за активирање на телото.  Едноставно, искористете ја секоја можност да бидете активни.

exercise at home

 

  • И сонот е важен

Не потценувајте го дејството на сонот. На телото му е потребен одмор ако сакате да имате енергија за да ги извршувате секојдневните обврски. Ако сте доволно одморени и наспани ќе бидете попродуктивни и порасположени.

sleeping

И за крај неколку корисни совети како веднаш да направите мали промени во вашиот живот.

  1. Јадете помалку вештачки процесирана храна
  2. Намалете го внесувањето на шеќери
  3. Консумирајте варена или печена храна, а не пржена
  4. Често јадете овошје и зеленчук
  5. Намалете ја големината на порциите
  6. Намалете со алкохолот
  7. Смејте се почесто
  8. Избегнувајте стресни ситуации
  9. Научете да кажувате НЕ
  10. Воспоставете контрола врз вашиот живот
  11. Избегнувајте ги луѓето со негативни мисли
  12. Бидете оптимисти :)

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.