Како да се разладите во текот на летото- трикови и совети

Објавено на од

Официјално летото веќе започна, па со него доаѓаат и високите температури. Жешкото време може да предизвика нервоза кај многу луѓе, посебно кај оние кои постојано се во движење. Иако се препорачува да не се излегува од дома кога е најтопло, сепак некогаш има обврски кои не може да се одложат. Затоа треба да му помогнете на вашето тело да ја издржи високата температура. Ние ви предлагаме неколку лесни начини како да го направите тоа.

Пијте многу вода

Никогаш не заборавајте да пиете вода. На вашето тело му треба хидратација за да може да издржи на високите температури. Најдобро е со вас да понесете шише со вода кое ќе ви биде при рака секогаш. Кога сте постојано во движење понесете со вас пластично шише.

water 

Водата која ја пиеме треба да е чиста, па затоа ви го препорачуваме овој бокал кој има филтер за прочистување на водата. За водата да добие интересен вкус, можете да додавате мента, лимон или портокал. Наполнете вода во шише со прскалка и така ќе можете да се освежите секогаш кога ќе имате потреба.

Clarion Spraying water

 

Носете лесна и удобна облека

Летото е време кога треба да заборавите на темните бои. Облеката нека ви биде со светли бои кои не ги привлекуваат многу сончевите зраци. Практикувајте лесни материјали како памук, свила или лен. Исто така, погрижете се главата да ви биде заштитена од штетните UV зраци, па затоа секогаш кога излегувате носете капа или шешир.

light summer clothing Black baseball cap

 

Разладете го домот

Користете вентилатор во собата каде престојувате. Само погрижете се да не биде насочен директно во вас. Исто така, одлично решение за овие топли денови се и клима уредите, кои моментално се на ПОПУСТ. Тука можете да ги видите попустите.

Cooling fan How to stay cool in summer

Навечер отворете ги прозорите и дозволете да влезе свеж воздух од надвор. Свилените постелнини даваат чувство на свежина, но има и други начини како може да ја одржите таа свежина во текот на ноќта. Наутро постелнината обесете ја во најладната соба, каде цело време ќе биде под сенка. Исто така, пред спиење ставете мала перница во фрижидерот, но заштитете ја со најлон. На овој начин ќе се ослободите од неподносливите горештини кои не ви дозволуваат да заспиете.

Правете експерименти во кујната

Кога е топло практикувајте да јадете лесна храна која вашиот организам лесно ќе ја согорува и нема да троши многу енергија. Вашето омилено овошје измешајте го во блендер и додадете мраз. Или пак, исцедете сок со помош на соковник, додадете парчиња овошје и чашата ставете ја во замрзнувач. Поканете ги пријателите и изненадете ги со овие вкусни домашни сладоледи.

Small kitchen appliance HYUNDAI Frozen fruit dessert

 

Frozen friut ice cream

 

Носете удобни обувки

Моделите на FRODDO се анатомски и ви гарантираат удобност во текот на целиот ден. Што преферирате повеќе: мокасини или сандали?

BOOGALOO flats FRODDO sandals

И не заборавајте да не излегувате на сонце кога е најжешко. А ако веќе морате, тогаш применете некои од овие совети и останете позитивни. Не дозволувајте високите температури да креираат напнатост и да влијаат на вашето расположение.

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.