Kако да бидете постојано расположени

Објавено на од


Во денешни услови се чини дека со се можеме да управуваме освен со сопствените животи.Успеваме да ги завршиме сите oбврски и на крајот на денот единственото уживање кое си го приуштуваме се низите на турски серии и нездравата храна која ни дава толку привидно а големо задоволство.Часовите поминати на Интернет прелистувајки содржини кои имаат Голема едукативност.Дел од причинителите за една од најмодерните болести во овој век.Депресијата.
Можеби е време да станете сам свој лекар или да превземете первентивни мерки доколку не се поронаоѓате во дијагнозата. Последователно ви нудиме неколку совети за тоа како да бидете расположени и квалитетно да го искористите слободното време.
1.Потрудете се да спиете доволно-сонот има многу голема улога во тоа какво ќе ви биде расположението во текот на денот,особено ако не сте спиеле доволно.

2.Започнете го денот со витамини наместо кофеин-со конзумирање на една чаша цеден сок наместо кафе си правите повеќе добро отколку што можете да замислите.Ем ја намалувате желудечната киселина ем го будите и подготвувате организмот за претстојниот ден.

3.Излезете од дома со убава мисла и слушајте ја омилената музика додека патувате кон работа-научно е докажано е дека додека ја слушате вашата омилена музика и сте во сообраќај помалку важност им давате на нервозните ситуации.Побитно ви е да си ја ислушате песната,отколку да го фатите семафорот,со тоа возите побавно и имате повеќе време да изреагирате на некоја непредвидлива ситуација.

4.Практикувајте здрава ужина или ручек додека сте на работа-јадењето на здрава храна само ќе придонесе за зголемување на внатрешниот баланс и добар физички изглед.Плус можете да си подготвите од дома и придобивките да ги почувствувате и на финансиско поле.

5.Обврските и нервозите од работа оставете ги на работа-со носење на работата дома си правите повеќе штета отколку добро,негативната енергија никогаш не оставила некого рамнодушен,доколку не сакате општ хаос,земете го овој совет задраво за готово.

6.Обезбедете си кратко време за одмор и тивко место-она што најтешко можеби можеме да го најдеме,а најмногу ни треба е тивко време само за нас.Студиите покажуваат дека луѓето кој барем 15-20 мин дневно поминуваат сами во тишина,успеваат на напнатите ситуации да реагираат посмирено.

7.Потрудете се колку што е можно повеќе да поминувате време во природа-одете на пикник излезете на сладолед со семејството или пријателите,наместо да ги користите социјалните мрежи за дружба.Движете се,ќе се изненадите колку заеднички теми може да имате со луѓето околу вас.

8.Запишете се на некој курс или часови-вежбајте го и мозокот,ќе ви биде благодарен во подоцните години,со секој нов изучен јазик сте чекор подалеку од можноста да заболите од некоја невролошка болест.

9.Подарувајте и научете да примате -подарокот не мора секогаш да биде во материјална форма,доволно е понекогаш да покажете малку внимание или заинтересираност за другиот,и да наидете да позитивна реакција и насмевка.Една прегратка некогаш кажува многу повеќе од илјада зборови.Она што го давате тоа и ќе ви се врати.Прифаќајте ги комплиментите и возвратете доколку навистина мислите исто,сарказмот нема да ви направи услуга.

10.Заменете ги сериите со книга-најдобро потрошено време кое никогаш нема да ве остави рамнодушни,од ова искуство секогаш ке излезете збогатени и со проширени видици.А ќе му дозволите и на сонот да дојде полесно до вас.

11.Бидете благодарни-најлесно е да се пожалиме за работите кои ни сметаат и проблемите да ни ја засенат перспективата за тоа што се добро имаме во животот.Потрудете се проблемите да не ви стојат на видикот кон убавините што ги уживате и да им ја намалуваат вредноста.


Вие сте главната улога во вашиот живот,не чекајте другите да ве направат среќни можете и сами да го сторите тоа.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.