Вашите карактерни особини според типот на кафе кое го пиете

Објавено на од

Уживате во шолја темно турско кафе? Или пак сакате млечно кафе, декорирано со шлаг и други слатки задоволства?

Едно истражување најде поврзаност помеѓу карактерот на луѓето и преференциите за нивното кафе. Ова е одличен начин да дознаете нешто повеќе за вашиот карактер и карактерот на вашите пријатели.

Експертите за говор со тело Џуди Џејмс и Џејмс Мур објаснуваат како преференциите за кофеин ги откриваат карактерните особини и нивните навики. Во продолжение може да ги прочитате заклучоците кои тие ги донеле по ова истражување, а се извадени од нивната книга “The You Code”.

Еспресо 

Еспресото често се опишува како “цигара без филтер” во светот на кафето. На луѓето кои го конзумираат овој тип на кафе често им се менува расположението, но се издржливи и вредни. Тие имаат лидерски способности и целат високо. Прават се за да ги исполнат своите планови, но понекогаш знаат да се “откачат” и да се забавуваат цела ноќ. Еспресо конзумерите се искусни, возбудливи и беспрекорни љубовници, но не се големи љубители на верноста и целосната лојалност. 

 

Црно кафе

Овој тип на луѓе е вљубен во минимализам и има директен пристап кон сите ситуации во животот. Тие се тивки и нивното расположение често се менува, но знаат и да експлодираат со нивната екстровертност. Опишани се како комплицирани, но потенцијално одлични пријатели, колеги или партнери.

Лате

Луѓето кои уживаат во кафе збогатено со млеко имаат желба постојано да се сакани од страна на луѓето околу нив. Може да очекувате директор кој пие лате да ве отпушти со бебешки глас. Со самото тоа што тие темното и опасно кафе го претвораат во млечен пијалок, лате конзумерите сакаат да изгледаат како сериозни  и авторитетни личности, но сепак детето во нив секогаш ќе постои. 

Капучино

Како и самото кафе, капучино конзумерите се пенливи и меурести, фокусирани на детали и убави нешта, но не се опседнати со материјални работи. Луѓето кои преферираат капучино уживаат во љубовниот живот, но лесно може да им здосади партнер без имагинација.

Инстант кафе

Овие луѓе се весели, едноставни типови, кои обожуваат да се смеат и живеат со мотото “ако не е скршено, поправи го”. Но овие луѓе не се авантуристи во своите кариери и често имаат потреба да ја покажат длабочината на својот карактер на луѓето околу нив. 

Некофеинско кафе со млеко

Еколошки настроени луѓе кои упорно бараат внимание и сакаат да критикуваат. Овој избор имплицира на снобовски тип на луѓе кои го сакаат она што не може да го имаат и го кријат својот вистински карактер.

Фрапучино

Лекомислени и плитки, фрапучино конзумерите би пробале се за прв пат – посебно доколку некоја славна ѕвезда го има направено истото. Тие си мислат дека се тренд сетери но оставаат слика на луѓе кои повеќе го претпочитаат стилот од содржината. Врските на овие луѓе обично траат толку долго колку што трае нивниот процес на избор на пијалок.

Луѓе кои воопшто не пијат кафе

За жал, заклучокот не е добар. Доколку се уплашени од кафе, овие луѓе се уплашени и од животот. Ако вкусот на кафе не им се допаѓа тогаш тие се сеуште деца и треба да прејдат во светот на возрасните.

 

Уживате во шолја темно турско кафе? Или пак сакате млечно кафе, декорирано со шлаг и други слатки задоволства?

 

Едно истражување најде поврзаност помеѓу карактерот на луѓето и преференциите за нивното кафе. Ова е одличен начин да дознаете нешто повеќе за вашиот карактер и карактерот на вашите пријатели.

 

(слика)

 

Експертите за говор со тело Џуди Џејмс и Џејмс Мур објаснуваат како преференциите за кофеин ги откриваат карактерните особини и нивните навики. Во продолжение може да ги прочитате заклучоците кои тие ги донеле по ова истражување, а се извадени од нивната книга “The You Code”.

 

Еспресо 

Еспресото често се опишува како “цигара без филтер” во светот на кафето. На луѓето кои го конзумираат овој тип на кафе често им се менува расположението, но се издржливи и вредни. Тие имаат лидерски способности и целат високо. Прават се за да ги исполнат своите планови, но понекогаш знаат да се “откачат” и да се забавуваат цела ноќ. Еспресо конзумерите се искусни, возбудливи и беспрекорни љубовници, но не се големи љубители на верноста и целосната лојалност. 

 

 

Црно кафе

Овој тип на луѓе е вљубен во минимализам и има директен пристап кон сите ситуации во животот. Тие се тивки и нивното расположение често се менува, но знаат и да експлодираат со нивната екстровертност. Опишани се како комплицирани, но потенцијално одлични пријатели, колеги или партнери.

 

Лате

Луѓето кои уживаат во кафе збогатено со млеко имаат желба постојано да се сакани од страна на луѓето околу нив. Може да очекувате директор кој пие лате да ве отпушти со бебешки глас. Со самото тоа што тие прават темно и опасно кафе и го претвораат во млечен пијалок, лате конзумерите сакаат да изгледаат како сериозни  и авторитативни личности, но сепак детето во себе секогаш ќе постои. 

 

Капучино

Како и самото кафе, капучино конзумерите се пенливи и меурести, фокусирани на детали и убави нешта, но не се опседнати со материјални работи. Луѓето кои преферираат капучино уживаат во љубовниот живот, но лесно може да им здосади партнер без имагинација.

 

Инстант кафе

Овие луѓе се весели, едноставни типови, кои обожуваат да се смеат и живеат со мотото “ако не е скршено, поправи го”. Но овие луѓе не се авантуристи во своите кариери и често имаат потреба да ја покажат длабочината на својот карактер на луѓето околу нив. 

 

Некофеинско кафе со млеко

Еколошки настроени луѓе кои упорно бараат внимание и сакаат да критикуваат. Овој лажен избор имплицира на снобовски тип на луѓе кои го сакаат она што не може да го имаат и го кријат својот вистински карактер.

 

Фрапучино

Лекомислени и плитки, фрапучино конзумерите би пробале се за прв пат – посебно доколку некоја славна ѕвезда го има направено истото. Тие си мислат дека се тренд сетери но оставаат слика на луѓе кои повеќе го претпочитаат стилот од содржината. Врските на овие луѓе обично траат толку долго колку што трае нивниот процес на избор на пијалок.

 

Луѓе кои воопшто не пијат кафе

За жал, заклучокот не е добар. Доколку се уплашени од кафе, овие луѓе се уплашени и од животот. Ако вкусот на кафе не им се допаѓа тогаш тие се сеуште деца и треба да прејдат во светот на возрасните.

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.