Идеи за маски за 1ви Април

Објавено на од

Први април- еден од најинтересните денови е пред нас. Ден на шегите, насмевките, маските и костимите. На овој ден дозволени се малите и безопасни лаги, па не се лутете ако некој се пошегува со Вас, сепак е 1-ви Април.

За 1ви Април сите се маскираат. Од најмалите кои дење ќе ги видите како шетаат маскирани низ градот, па до повозрасните кои навечер маскирани излегуваат по дискотеките и кафичите.

Ако немате идеја како да се маскирате ние Ви предлагаме неколку интересни маски кои може да Ви послужат како инспирација.

lego masquerade

soap and sponge mask

maps-places white smileys

 

Исто така може да бидете креативни и со бои за лице и шминка. Еве неколку предлози што да нацртате.

halloween-diy-costume-makeup

Вакви маски може да направите и сами. Се што Ви треба е парче картон, бои или спреј и лепак. Можете да користите и цвеќиња, листови од дрво или пак пердуви.

Сепак, да не ги заборавиме и најмалите.

На овој ден можете да бидете што ќе посакате. Па затоа, бидете креативни и изненадете ги сите со Вашата маска. И секако, не заборавајте да се забавувате.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.