Идеалните парфеми според вашиот хороскопски знак

Објавено на од

Не е секогаш лесно да се одбере парфем кој ќе одговара на вашиот животен стил. Откријте ги мирисите кои се вклопуваат со вашиот карактер и се совпаѓаат со вашиот хороскопски знак и неговите карактеристики.

Овен

Вашиот знак асоцира на расцветани пупки и ентузијазам за живот.
Вашиот елемент е оган, а владетел Марс, симбол на борба и акција.
Динамична и напредна жена, Вие не се плашите од преземање ризици и тргнување во напад. Кога некој проект многу Ви значи, цврсто верувате во него, одите напред и ги отворате сите затворени врати. 
Во љубовта сте полни со страст. Доколку го запознаете мажот од соништата, Вие сакате верно и долго. Често импулсивноста знае да ве доведе до караница со вашиот партнер, но тоа не значи дека сте лоша личност.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Reflets d`eau од Rochas: меурест, свеж и со вкус на лимон, овој парфем може да ве придружува во секоја прилика.

Bvlgari Eau Parfumee The Vert од Bvlgari:  зачинетите и освежувачки тонови  ќе ги разбудат вашите сетила и ќе ја разиграат љубовната врска.

Hugo Boss Woman од Hugo Boss: свеж, лесен и сензуален, овој парфем добро одговара со вашата силна самодоверба.

Aqua Allegoria Lemon Fresca од Guerlain: ќе ви помогне да ја поттикнете динамичноста и ќе ве опие како планинско ветре.

Бик

Вашиот знак се поврзува со периодот на љубов и репродукција. Елементот кој го означува бикот е земја, а со него владее Венус, симболот на љубовта. Женствена и срдечна, во животот целите кон најубавите задоволства. Храбра и вредна, со насмевка преземате големи обврски и мразите стрес. Во љубовта сте верни и потребна ви е стабилност. Љубоморни и посесивни, внимавате на вашиот партнер како орел.  Ако партнерот некогаш ве изневери, не би можеле да му простите.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Paris од Yves Saint Laurent: парфем од роза и сандалово дрво, вистинско уживачко торнадо...

Very Irresistible од Givenchy: буќет од расцветани рози кои ќе ве направат навистина неодолива!

Haute Cotoure од Hanae Mori: совршена комбинација на свежи цветови и елегантност.

 

 Близнаци

Овој знак се поврзува со периодот на расцветани и зелени овошја. Се работи за воздушен знак со кој владее Меркур, симболот на врската помеѓу телото и душата. Интелигентна и љубопитна, Вие сте одлучна дама. Не прифаќате секојдневни рутини и како и зелените овошја, често знаете да бидете остри. Во љубовта не правите долгорочни планови. Живеете во моментот, онака како што сте расположени. Ако вашиот партнер ве прави задоволна, може да бидете верни. Но, ако брзо ви здосади, лесно ќе ја прекинете врската.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Rive Gauche  од Yves Saint Laurent: овој цветен парфем одговара со нивото на независност кое го поседувате.

Liberte од Cacharel: отровно добар овој парфем потполно ќе ве хипнотизира.

Dior Addict Eau Fraiche: свеж, лесен, цветен, женствен парфем со ориентален тон...збунувачки, како и вие самите.

Flower од Kenzo: овој цветен мирис е тотално провокативен! Со само една капка мирис ќе се чувствувате како да сте избегале од секојдневната стара рутина.

 Рак

Ракот се поврзува со периодот на зрели овошја. Елементот кој стои зад овој знак е водата, а Месечината, симбол на мајката и сонот, е најкарактеристична за овој знак. Имагинативни и чувствителни, повеќе преферирате живот во удобноста на вашиот дом, отколку суровата реалност на секојдневниот живот. Без разлика која возраст сте, вие секогаш ќе имате дел во себе кој ќе зрачи со детски дух и шарм. Во љубовта сте романтичари кои сонуваат за нежност и сигурност. Ако го сретнете принцот на бел коњ, вашата желба ќе биде да се венчате и да имате деца...како во бајка.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Angel од Thierry Mugler: мешавина од овошје и чоколадо, овој парфем ќе ги натера луѓето почесто да ве гушкаат.

Nina од Nina Ricci: парфем како од бајка, инспириран од љубовта. Идеален за освојување на срцето на вашиот љубен.

Lolita од Lempicka: дефинитивно ќе го разбуди малото девојче во вас.

Noa од Cacharel: ги спојува младоста и сензуалноста во совршена хармонија.

 Лав

Лавот асоцира на богатиот плод од природата и бербата. Вашиот елемент е оган и главен владетел е Сонцето, симбол за моќ и светлина. Смела и тврдоглава, вие сакате да освојувате. Обожувате натпревари. Сепак не почитувате ниско однесување затоа што сепак сте искрени и лојални. Во љубовта често ве перцепираат како заповедувачи. За да ви го освојат срцето, потребно е партнерот најпрво да ве импресионира. Вашата разгорена желба за него ќе ви даде сила да направите се што е потребно за да го задржите.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Парфемите кои ги носат познатите личности се најчесто вашата најголема мета, како на пример што би носеле Chanel N5 со потполна самодоверба.

Во лето Eclat d`Arpege Summer, од Lanvin,  е цветниот парфем кој постојано ќе ви го распалува огнот.

Gucci Femme од Gucci е сензуален, луксузен парфем, со цветни и пикантни ноти, кој совршено ќе ви прилега.

 Девица

Вашиот знак е поврзан со конзервирање и жетва. Елементот зад овој знак е Земјата, додека Меркур владее со овој знак, претставувајќи ја врската помеѓу телото и душата. Скромни и таинствени, вашето вистинско “јас” ретко излегува на виделина. Не сакате да се доверувате и не сте склони на промени. Рационални и прецизни, секогаш прво размислувате пред да реагирате. Во љубовта, како и во други аспекти од животот, се потпирате на причини, а не на инстинкти. Не земате ништо “здраво за готово” и не реагирате импулсивно. Но, под вашата резервирана личност се крие вистинска чувствителност.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

 Не ви е потребно нешто премногу екстравагантно, но добро би ви прилегало нешто цветно и нежно како Cristobal од Balenciaga или Eternity од Calvin Klein.

За дискретно да ја зголемите вашата сензуалност, пробајте го Organza од Givenchy.

Во лето, L`eau fraiche од Dior, со мирис на мандарина, лимон, палисандрово дрво и малку ванила, ќе се вклопи совршено со вашата дискретна елеганција.

 Вага

Жетвата е главната асоцијација кога се зборува за овој знак. Елементот кој ја претставува водолијата е воздухот, а владетелот Венус – симбол на љубовта. Интелигентни и културно воздигнати, вие сте во потрага по еднаквост и хармонија. Вашите инстинкти ги следат своите чекори. Не сте обожавател на конфликти и преферирате да побегнете од нив. Во љубовта, два карактери постојат во вас: романтичен конформист и страствен авантурист.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Љубители сте на поинакви и хармонични мириси, како Miss Dior од Christian Dior.

Knowing од Estee Lauder, топол и нежен мирис кој ќе го разигра вашето чувство за мирис.

Narciso Rodriguez for Her. Парфем со сензуална нота, но соодветен за вашиот авантуристички дух, придружен од бели цветови кои ја рефлектираат романтичната страна.

Но доколку не можете да се одлучите, препуштете се на слаткиот и шармирачки мирис на Coco од Chanel, кој ќе ви помогне да се релаксирате.

 Скорпија

Вашиот знак е поврзан со периодот на сеење семе. Елементот кој  ја застапува скорпијата е водата, а владетели се Марс, симболот на борба и акција и Плуто, симболот на мотив. Вие сте жена со карактер. Интелигентна и интуитивна, не се плашите од тестови и сила. Се што е невидено и забрането ве фасцинира. За да ја задоволите вашата ненаситна љубопитност, спремни сте на се. Во љубовта вие сте полни со страст. Никогаш не сте доживеале половични емоции. Животот ви е како постојано еруптирачки вулкан. Иако во вашиот живот не изгледа како да оди се како подмачкано, сепак вие сте привлечни за луѓето.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Вашиот анти-конформистички карактер е во потрага по изненадувачки парфеми со неочекувани ноти.

Ќе ги освоите мажите со Opium од Yves Saint Laurent.

Но во секој случај може да се користите и со Alchimie од Rochas, со нежни и лути ноти.

Wild fig and Cassis од Jo Malone: инспириран од смоквите од Тоскана, овој парфем е едноставно вкусен со дополнителни ноти од црна рибизла.

London for Woman од Paul Smith ќе ве обвие како мистериозна Лондонска магла, со неговиот егзотичен мирис кој е комбинација на лимон и масло од портокалови цветови.

 Стрелец

Стрелецот е поврзан со периодот на никнување. Вашиот елемент е оган, а владетел е Јупитер, симбол на еднаквоста и социјалната легалност. Вие имате силен карактер. Енергични  и динамични, живеете за моментот. Сакате акција и сте спремни за борба во секој случај. Во љубовта, посакувате здрав и среќен живот, без компликации. Но вие не  сте тип кој избегнува конфликти.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

За да се нагласи вашата динамичност, изберете овошни и цветни парфеми. Amazon од Hermes е створен за вас.

L`eau du Temps од Nina Ricci: комбинација на малини, јасмин и каранфил кој потполно ќе ве освои.

Dolce Vita од Dior, цветен и овошен микс со пикантни ноти за совшен природен мирис.

Кога патувате, одберете Sensi од Giorgio Armani, цветен и дрвен микс на ориентален мирис кој ќе ве направи едноставно неодоливи.

 Јарец

Вашиот знак асоцира на периодот на зимски сон. Елементот кој го означува е земјата, а со јарецот владее Сатурн, симбол на развојот и концентрацијата. По природа вие сте повлечени. Трпеливи и амбициозни, вредни сте и тешко е некој да ве запре. Почнувате да мислите на забава само кога сите обврски ќе ги завршите. На вас тешко може да ви се влијае со туѓо мислење, а уште потешко да го промени некој вашето. Во љубовта се мачите со кажувањето “Те сакам” и тешко ви оди одржувањето врска. Но покрај тој ладен изглед, во вас се крие страствена жена која само се плаши да не биде оставена.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Дали сте вљубени? Ако одговорот е позитивен, веднаш ставете го London Woman од Burberry и ќе пеете на дожд!

Преферирате да бидете класични? Не трошете ни секунда и ставете го L`Heure bleue од Guerlain.

За на работа носете го Allure од Chanel и ќе блескате од убавина.

За да ја истакнете вашата женственост, пробајте го So Pretty од Cartier, парфем со роза, ирис и сандалово дрво, кој ќе ве направи уште поубави.

 Водолија

Водолијата е поврзана со периодот каде што корените растат. Вашиот елемент е воздух и со овој знак владеат Сатурн, симболот на развој и Уран, симболот на независен дух. Оригинални и независни, вие не се држите до рутината. За да бидете среќни, вие креаирате и иновирате. Во вас живее артист кој кога ќе искуси слобода, тогаш излегува на виделина. Во љубовта сте сонувачи и идеалисти. Обожувате мистериозни мажи. Кога сакате знаете да сте неодоливо слатки, а партнерот ужива во вашето присуство.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Пробајте го Armani Code pour femme од Giorgio Armani, одличен микс од мед, сандалово дрво, портокал и ѓумбир. Овој парфем е бегство од реалност, а воедно и вашиот омилен мирис.

Miss Boucheron од Boucheron: овој шарен и модерен мирис совршено се совпаѓа со вашиот карактер.

Love in Paris од Nina Ricci: носете поезија на вашето тело и опивајте ги со љубов луѓето околу вас.

 Риби

Овој знак асоцира на периодот на растопување. Вашиот елемент е вода, а владетели се Јупитер, симбол на еднаквоста, и Нептун, симбол на длабоката трансформација. Чувствителни и грижливи, ги собирате чувствата на останатите како сунѓер. Вие сте екстремно отворени и полни со страст за многу работи, но некогаш се мачите да направите избор. Идеалисти сте и сте спремни да ризикувате се во име на љубовта. Ако живеете со маж, неговите добри и лоши чувства се и ваши, односно живеете во комплетна емпатија.

Кој парфем одговара на вашиот карактер?

Уживајте во убавината на водните парфеми кои најмногу ви одговараат, како што е L`eau fraich Chance од Chanel.

L`eau од Cartier ќе ве доведе до совршена рамнотежа со миксот на енергија и стабилност.

L`eau bylssey Miyake, кој мириса добро како и самото море, ќе и прилега совршено на риба како вас.

Но кога веќе сме кај флертување, опијте ги мажите со својата убавина, користејќи Dune de Dior.

 

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.