Идеалниот подарок е на само “клик” од вас

Објавено на од

      “Секој си има различен вкус”Оваа реченица сме ја слушнале милион пати како утеха во замена на  “Извини, но навистина не ми се допаѓа овој поклон”


Зарем повторно и купивте сет за покер на вашата љубена или пак му подаривте вазна со цвеќе на вашиот татко?  Дали само за Нова Година ќе си дозволите да ги погодите вистинските поклони за вашите деца или ќе бидете нивниот Дедо Мраз низ текот на целата година?

Gifts

Изненадувањето е најубавиот подарок

Прекрасно е чувството кога ќе ги изненадите вашите блиски дури и без да постои некој посебен повод за тоа. Поклонете им нешто што знаете дека многу го сакаат, а не можат да си го дозволат. Приредете им изненадување за кое вечно ќе ви бидат благодарни. Правете ги луѓето среќни, затоа што тоа ќе ве усреќи и вас.


Милион поводи за идеални поклони

Сетете се на сите настани што поминале, на поклоните што сте ги добиле кои предизвикале разочарување, но и оние кои сте ги подариле, а за возврат сте добиле само насмевка, наместо среќен врисок. Нова Година, 8-ми Март, роденден, именден, дипломирање и уште многу други поводи за подарување среќа, а се помалку идеи за совршен подарок. Не знаете како да го решите овој проблем? Дозволете да ви помогнеме.


Сите желби на едно место

Регистрирајте се и поканете ги пријателите онаму каде што вашите виртуелни желби се поблиску до реалноста - www.tc.mk/zelboteka. Станете дел од Желботека каде ќе може да ги избирате вашите омилени продукти и да ги купувате оние кои вашите пријатели ги посакуваат. Ослободете се од притисоците при бирање подароци и уживајте во моментот на среќата на вашите пријатели.

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.