Фудбал од малку поинаква перспектива

Објавено на од

Колку од вас го сакаат фудбалот? Колку од вас го гледаат, го играат? А колку од вас слушнале за нашата женска фудбалска репрезентација? Во продолжение ви го презентираме профилот на нашата драга пријателка- Тања Митревска-Чатал.

Збор-два за тоа која е Тања:

Тања Митревска, дипломиран професор по одделенска настава, моментално студент на последипломски студии на Педагошкиот факултет. Сеуште активен спортист , дел од новоформираниот женски фудбалски клуб Единство, и дел од сениорската репрезентација.

1. Како изгледа еден ден на Чатал?

Па, како и на сите други млади во нашава земја. Во зависност од периодот тренинг претпладне или попладне, кафе и дружба со пријателите, активности околу факултетот.....

2. Зошто баш фудбал?

Љубовта кон фудбалот ми се појави уште од многу мали нозе, но за жал тогаш кај нас сеуште немаше женски фудбал, па така морав да се задоволам со рекреативно играње со пријателите. Продолжив со ракомет, но во првата прилика, кога се формираше женскиот фудбал веднаш посакав да станам дел од тоа.

3. Предизвици да бидеш женско,а да си во овој спорт?

Самата помисла дека и девојките го играат и сакаат фудбалот кој кај нас сеуште важи САМО за машки спорт, (но не и во другите европски и светски земји )           претставува голем предизвик,само по себе.

4. Како на тебе гледаат машките фудбалери?

Па на почетокот тоа им изгледаше доста чудно, како да не сакаат да признаат дека и девојките ги можат истите работи како нив, но сега е веќе подруго, не гледаат како колешки. Сум имала и прилика да играм против машки екипи кои биле доста воодушевени од нашата игра, и нашите способности (фудбалски се разбира ).

5. UEFA лиценца...

Па тоа беше идеја на нашиот селектор Добре Димовски кој сакаше да вклучи и девојки- тренери во македонскиот женски фудбал. Оваа лиценца има големи бенифиции и ми претставува голема чест што токму јас сум една од двете први девојки (Тања Митревска и Весна Витанова) кои се здобија со оваа УЕФА Б лиценца. Тоа претставува лиценца со која може да се тренираат млади категории (бидејќи е Б, има и А и ПРО – тоа се повисоки степени), но предноста е што таа не е прзнаена само во нашава земја туку во сите фудбалски европски земји кои се под капата на УЕФА. Лиценцата се стекнува со посета на семинари кои ги организира Центарот за едукација при фудбалската федерација на Македонија, со едуцирање, учење (теоретско и практично ) и секако со проверка на наученото – полагање (практично и теоретски).

6. Какво е чувството да се биде поразличен од другите?

Хахаха...:) не сум поразлична од другите , но може да се каже дека имам предност во тој поглед, убаво е чувството да знаеш дека во нешто си прв, и тоа во нешто што досега го правеле само момците .

7. Дали има иднина со оваа професија во Македонија?

Женскиот фудбал во Европа и во светот е во доста голем подем, се развива од ден во ден. Сега во периодов се оддржува и светското фудбалско првенство за жени во Германија. За жал, Македонија во тој поглед, е малку назад. Но, чекор по чекор одиме кон друштвото на појаките фудбалски земји. Со поголемо развивање и отварање на што повеќе клубови и школи за девојки уште од мала возраст би се овозможило и подобра иднина, не само на девојките туку и би се отвориле повеќе работни места за тренерите, па и за мене:).

8. Порака за младите желботекисти...

Да знаат да сонуваат и да пробаат да си ги исполната своите желби и соништа. Секако да се спортува, без разлика за кој спорт станува збор.

Кој спорт вие го практикувате?

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.