Факти за спиењето кои најверојатно не сте ги знаеле

Објавено на од


-Вашиот мозок е поактивен кога спиете отколку кога гледате телевизија.

- Рекордот за најдолгиот период без спиење е 18 дена, 21 часа, 40 минути. Рекордерот пројавил халуцинации, параноја, поматен вид, нејасен говор и потешкотии во концентрацијата и меморијата.

-Ако ви се потребни помалку од 5 минути да заспиете навечер, значи дека не спиете доволно. Идеално е помеѓу 10 и 15 минути, што би значело дека сте доволно уморни за да заспиете но не и исцрпени.

-РЕМ (забрзано движење на очите) се случува вкупно 2 часа во текот на ноќта, обично започнува 90 минути по заспивањето. Најчесто сонуваме за време на РЕМ.

-Никој со сигурност не знае дали и животните сонуваат, но некои имаат циклус на спиење сличен на човековиот.

-Слоновите можат да спијат стоејки, но за време на РЕМ секогаш легнуваат.

-После 5 ноќи недоволен сон, 3 пијачки можат да го имаат истиот ефект на вашето тело како 6 пијачки кога сте наспани.

-Истражувањата покажале дека спиеме подобро за време на празна месечина отколку на полна месечина. Причините се сеуште непознати.

-Китовите и делфините спијат буквално полу-будни. Секоја страна од нивниот мозок зема ред за да испливаат на површината да земат воздух.

-Можеме да сонуваме лица само што некогаш сме ги виделе.

 

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.