Добро вино е најдоброто друштво за Св. Трифун

Објавено на од

На 14-ти февруари, освен што се прославува Св. Валентин или попознат како Денот на вљубените, исто така се слави и Св. Трифун. Св. Трифун е христијански светец којшто претставува заштитник на лозарите и има голема традиција во православното празнување. На овој ден, во винските региони традиционално се оди во црква, се закројуваат лозјата и се пие вино во чест на празникот. Се верува дека Св. Трифун ги штити лозјата и градините од штети и несреќи, а христијаните го празнуваат со желба за добро здравје и богат род на лозјата. 

hrana i vino

Секако, неизоставен дел од празнувањето на овој ден, покрај добрата храна и убавата атмосфера, е виното. Доколку сè уште не сте го одбрале своето вино со кое ќе го прославите Св. Трифун, ви нудиме предлози со кои се надеваме дека ќе ви го олесниме изборот.

За љубителите на црвеното вино... 

Црвеното вино, освен што е одличен избор за Св. Трифун, исто така влијае позитивно на вашето здравје. Се смета дека се бори против стареењето, ја подобрува работата на срцето и го намалува ризикот од добивање на мозочен удар. Изберете црвено вино од сортата каберне совињон, со рубин црвена боја и арома на ликер и шумско овошје. Или пак, одберете мерло -  елегантно вино со интензивна црвена боја и арома на овошје, растенија или кафе.

casa crveno vino

Доколку сте љубител на црвеното вино, ова се дел од нашите предлози за вас: Шчурек КАБЕРНЕ СОВИЊОН, КАСТИЉОНИ КЈАНТИ, ДАНЗАНТЕ Мерло, Санта Дигна КАБЕРНЕ СОВИЊОН, Попов МЕРЛО. 

За љубителите на белото вино... 

Белото вино освен што може да се конзумира, може да се употребува и за готвење. Постојат голем број на бели вина, а вие одберете го своето омилено. Одберете вино од сортата темјаника со сламесто жолта боја, тонови на карамел и арома на роза, или пак сортата совињон блан со мирис од цитрусни овошки со присуство на цветни ароми. Доколку изберете вино од сортата шардоне, ќе уживате во бистро светло-жолто вино со цветни ароми. 

belo vino

Ако за Св. Трифун изберете бело вино, ова се дел од нашите предлози за вас: БЛАН ДЕ БЛАНК, Попов ВИЛА ЛУНА Престиж, Попов ТЕМЈАНИКА, Попов СОВИЊОН БЛАН, Букси ШАРДОНЕ. 

За љубителите на розе виното...

Розе вината често се нарекуваат и поцрвенети вина. Овој вид на вино не е вистински црвено, а сепак има доволно црвена нијанса за да се разликува од белото вино. Розе виното може да има различни варијации на розе бојата и вкусовите. Изберете ја сортата пино ноар и уживајте во вино со светла розева боја и арома на јагода и малина. 

roze vino

Доколку се одлучите за овој вид на вино, ви препорачуваме: Попов ПИНОНОАР РОЗЕ и РОЗЕ БРУТ. 

Исто така, можете да ја погледнете целата наша понуда.

Се надеваме дека ви помогнавме во изборот. Ви посакуваме среќен Св. Трифун, добра забава во добро друштво и уживајте во мирисот и вкусот на доброто вино. На здравје! 

zdravica so crveno vino

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.