Добијте го токму подарокот што го посакувате

Објавено на од

Што сакаш да ти купам за роденден? За годишнина? За Нова Година? За 8ми март? За полугодие? За матура?...

“Ништо, не мора да се трошиш” -  е сигурно најчестиот одговор кој го давате и добивате на овие прашања, додека во глава ви се врткаат сите ваши желби, најновиот парфем од Givenchy кој никако да стигне на ред за купување, како очајно ви треба нов маус за компјутерот зашто стариот е пред распаѓање или како добро би ви дошла една масажа за опуштање после стресната недела што ја имавте.

Вашиот дечко најверојатно не може да ви го чита умот, а вашите пријатели не знаат што се би сакале да имате или што ви фали по дома. Затоа, олеснете им ја работата на вашите најблиски, и патем вие ќе си го добиете долго посакуваниот подарок. Желботека ви овозможува да ги споделите вашите листи на посакувани производи, дискретно, ненаметливо и без лажни скромности :) И тоа на вашето омилено место за споделување, секако на Facebook.

Лесно е, само отворете си Желботека, разгледајте ја богатата понуда на производи на Трговски Центар и одберете ги вашите омилени.

Апликацијата ви овозможува да ги подредите производите по приоритет (и со тоа уште толку да им ја олесните одлуката на пријателите), да ги внесете вашите најважни датуми (нема повеќе заборавени родендени и годишнини), да внесете адреса за достава и уште многу други опции.

Веќе имате Желботека и добивте неколку подароци од вашата листа? Секогаш може да ја освежите со нови, па на желбите им нема крај нели? :)

Еве што нашите Желботекистки најчесто избираа за своите листи.

[caption id="attachment_4641" align="aligncenter" width="452" caption="HP Notebook"][/caption]

 

[caption id="attachment_4642" align="aligncenter" width="466" caption="Чаша за вино/пиво"][/caption]

 

[caption id="attachment_4643" align="aligncenter" width="360" caption="Покер сет"][/caption]

 

[caption id="attachment_4645" align="aligncenter" width="420" caption="Коцки Кама Сутра"][/caption]

 

[caption id="attachment_4646" align="aligncenter" width="420" caption="Рамка за фотографии „мала колекција“"][/caption]

 

Одбравте нешто како по ваш вкус? Ајде сега, кажете им и на пријателите, затоа што нели, sharing is caring :)

 

 

comments powered by Disqus

Покани ги твоите пријатели

Желботека е прекрасно искуство заедно со пријателите

  • Добивајте ги вистинските подароци.
  • Знајте ги желбите на пријателите и изненадете ги.
  • Добивајте ги зделките што ги посакувате.

    Додај најмалку еден од производите долу во твојата желботека за да продолжиш.